Во изјава за МРТ 1, в.д. Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Ивица Ангеловски го сподели своето видување за моменталната состојба со појавата на рани пролетни мразеви и ризикот од измрзнување на овошните насади. Оваа пролет се одликува со изразени температурни осцилации – просечни дневни температури и студени ноќи, што создава услови за појава на слаби, но опасни мразеви. Иако нема најави за екстремни и долготрајни студени бранови, сепак краткотрајните ноќни заладувања се доволни за да предизвикаат проблеми на одредени локалитети во државата. Според Ангеловски, ризикот е особено изразен кај раноцветните овошни видови како кајсијата, праската и бадемот, кои во моментов се наоѓаат во најчувствителната фаза цветање. Како навремена превенција од мразеви се препорачува задолжителна примена на агротехнички мерки во насадите, вклучувајќи наводнување, избор на отпорни сорти за одгледување и користење на биостимулатори за одложување на вегетацискиот циклус.
Известување
Се известуваат сите снабдувачи – увозници на семенски и саден материјал за земјоделски растенија, дека е потребно да го усогласот своето работење согласно член 27 став (1) од Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија („Сл. весник на РМ“ бр.39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13, 43/14, 129/15, 39/16, 71/16 и 83/18 и „Сл. весник на РСМ“ бр. 122/21 и 199/23).
Известување
Почитувани
Државниот инспекторат за земјоделство Ве известува дека од 01.01.2025 година уплатите за квалитет на земјоделски производи и Барањето за фитосанитарен сертификати за извоз/реекспорт ќе се извршуваат на следната жиросметка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство:
Жиросметка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, остварија работна средба на која беше постигнат договор за спас на оризарите.
Преку темелна дискусија се постигна договор преку кој, откупните цени за крупните сорти на ориз ќе изнесуваат 35 денари за рандман од 40 проценти и за ситните сорти 30 денари за рандман од 40 проценти.
Ова се цени на кои колку рандманот ќе се зголемува така и цената ќе биде зголемена.
Две илјади тони арпа треба да се откупат во наредните 30 дена.
Државниот инспекторат за земјоделство внимателно ќе го следи откупо на оризот и инспекторите ќе бидат постојано на терен и во наредните 30 дена додека трае откупот на ориз.
Постигнат е договор за откупните цени на црвената пиперка

Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски остварија заедничка средба со преработувачите и откупувачите на црвена пиперка.
На оваа средба се постигна договор за откупните цени на црвената пиперка и тие истите според класи ќе бидат:
Откупувачите и преработувачите се согласија дека ќе се придржуваат до договорените цени во текот на целиот откуп, но во согласност на побарувачката истите имаат тенденција да се зголемуваат за што Државниот инспекторат за земјоделство ќе биде постојано на терен и ќе се грижи за да се запази динамиката и откупните цени на црвената пиперка
Државниот инспекторат за земјоделство организираше обука на тема ,,Насоки за примена на Законот за прекршоците”.Реализирањето на оваа обука произлезе од потребата да се детектираа проблемите со кои се соочуваат вработените во Државниот инспекторат за земјоделство во текот на секојдневното работење при употребата на Законот за прекршоците од сите аспекти.
Оваа обука ќе има особен придонес во воедначувањето на преземање дејствија во секојдневното работење како на административните службеници кои работат согласно ЗП, така и на државните инспектори за земјоделство и за фитосанитарна политика, како и зацврстување и надградување на теоретските и практични знаења а со цел подобрување на севкупното функционирање на Инспекторатот.
Државниот инспекторат за земјоделство: Тутунарите да не прифаќаат усни најави, откупувачите да испратат писмени анекси за зголемени откупни цени на тутунот

Тутунарите да прфаќаат само официјални анекси за зголемување на цената на тутунот, да не подлегнуваат на усни најави од откупувачите и секоја неправилност или евентуална злоупотреба да ја пријават, порачува Државниот земјоделски инспекторат кој постојано е на терен при откупот на тутунот од ланската реколта.
Според директорот на Инспекторатот, Јане Станкоски, откупот ја нема посакуваната динамика. Досега се откупени скоро 9 000 тони тутун по просечна цена од 330 денари за килограм. Само една од 10-те откупни компании со анекс официјално ја зголемила цената на 365 денари.
Инспекторатот ги повикува компаниите да ги потпишат анексите и да се заокружи откупот што официјално трае до крајот на овој месец.
-Досега се откупени близу 9 000 тони тутун. До нас нема стигнато официјален приговор за неправилности. Има пријава до Инспекцискиот совет, но од анонимен тутунар дека една откупна фирма понудила анекс, но ние тој анекс не можеме да го видиме. И се е на збор, а на тоа не може да дејствуваме. Тутунарите официјално нека пријавуват, не мора ситуацијата да биде за Инспекторатот, туку и за други институции, на пример полицијата за лажни ветувања и доведување во заблуда. На откупувачите им порачуваме да ги склучат тие анекси и да заврши откупот на тутунот. Само една фирма склучи анекс за зголемување на цената на 365 денари. Значи мое да се зголеми. Од почетокот на откупот немаше дебата, комуикација меѓу откупувачите и тутунарите, изјави Јане Станкоски, директор на Државниот земјоделски инспекторат.
Станкоски е категоричен дека нема да се дозволи каква било манипулација со тутунарите.
-Нема да дозволиме да се манипулира со тутунарите. Тутунопроизводството е значајна индустриско-земјоделска гранка, влијае и на девизниот прилив во земјава. Нашите подрачни канцеларии во земјава е отворени и сите тутунари може да се обратат во секој момент, вели Станкоски.
Ваквата ситуација може да влијае на новото тутунопроизводство. И Инспекторатот и тутунарите се гласни за измени во Ѕаконот за тутун.
-Со оглед на ситуацијата, тоа може да влијае на новото тутунопроизводство. Затоа мора да има законски измени и за процесот на производство, преработка, за цените и правата на тутунарите. Но за тоа е потребно да се седне на заедничка маса, првенствено на производителите и откупувачите. Можеби таква можност ќе има во април кога е Конкресот на тутунарите и тутунопроизводството, вели јане Станкоски, директор на Државниот земјоделки инспекторат.
Официјално, откупот на тутунот законски ќе трае до крајот на февруари. Ланската реколта се проценува на 13 000 до 15 000 тони што е преполовување на производството.






















