Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев заедно со тим од земјоделски инспектори, остварија контролна посета на Винаријата ‘Тиквеш’ во Кавадарци.
Од страна на директорот Анакиев беше укажано за придржување на договорената цена за откуп од страна на винариите, која беше договорена минатата недела на состанокот во МЗШВ на кој присуствуваа директорот на ДИЗ Васе Анакиев, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и откупувачите на грозје и винариите.
Од Државниот инспекторат за земјоделство информираат дека тие остануваат на терен будно да ја следат состојбата со откупот на грозјето, се со цел за максимална заштита на производителите на грозје.

Галерија

Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев, заедно со министерот за земјоделство,  шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, остварија работна средба на која беше постигнат договор за спас на оризарите.

Преку темелна дискусија се постигна договор преку кој, откупните цени за крупните сорти на ориз ќе изнесуваат 35 денари за рандман од 40 проценти и за ситните сорти 30 денари за рандман од 40 проценти.
Ова се цени на кои колку рандманот ќе се зголемува така и цената ќе биде зголемена.
Две илјади тони арпа треба да се откупат во наредните 30 дена.
Државниот инспекторат за земјоделство внимателно ќе го следи откупо на оризот и инспекторите ќе бидат  постојано на терен и во наредните 30 дена додека трае откупот на ориз.