Станкоски: Земјоделците да не потпаѓаат на шпекулации и да се информираат, Инспекторатот и останатите надлежни институции се отворени за соработка

Тутунопроизводството се вбројува меѓу најбитните гранки во земјоделството што носи голем девизен прилив на државата и солидна заработка на тутунопроизводителите.
Оваа година поради помалото производство и напорите на Владата во преговорите со фирмите за да се зголемат цените со анекси пред почеток на откупот се доби релативно добра цена.

Дел од тутунарите кои меѓу првите го предадоа тутунот и на кои тутунот им беше проценет по пониска класа, сега бараат да им се исплати разлика во однос на цената која тие ја добиле и цената за прва класа, бидејќи поголем дел од тутунот во продолжение на откупната сезона беше откупуван во прва класа. Побаравме одговор во однос на ова прашање од директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Јане Станкоски.
„Беспредметно е да се разговара во однос на тоа, бидејќи секоја година е иста ситуацијата и тутунарите го знаат тоа. Секоја година се почнува со одредена цена, се завршува со одредена цена, со пик во некој момент.
Откупувачот на тутун утврдува план за динамика на планираните количини за откуп на тутунот од тековната реколта по региони и по производители пред почетокот на откуп и по истиот тутунопроизводителите треба да се придржувааат. Откупувачот на тутун е должен, во реален временски период, да ги извести писмено производителите на тутун со кои склучил договор, за деновите на преземањето на тутунот, а доколку е спречен да го достави тутунот во определениот термин, откупувачот на тутун му определува друг термин. Меѓутоа најголем дел од тутунопроизводителите имаат склучено договор со повеќе откупувачи и самите одредуваат каде, кога и колкава количина од произведениот тутун ќе предадат на одредена компанија, вели Станкоски.

Годината беше релативно успешна, откупот заврши, сега започнува новата реколта и веќе е во тек склучувањето на договори, а Станкоски како новост за годинава наведе дека уште една сериозна фирма ќе влезе во откуп на тутун. Тој нагласува дека влезот на уште една компанија откупувач многу ќе придонесе за уште поголема конкурентност на пазарот за тутун и зголемени откупни цени.
Периодот за договарање започнува од кога откупувачите ќе достават барање за мислење со предлог договор до Највисоката асоцијација на тутунопроизводителите, а законски најдоцна до 20 февруари.
Откупувачот на тутун е должен содржината на договорот јавно да ја објави најдоцна до 28 февруари во тековната година на огласна табла во седиштето на откупувачот на тутун и на локалната веб страница на откупувачот доколку истата постои.
Доколку највисоката ацоцијација даде негативно мислење потребно е сите засегнати страни, а во овој случај откупувачите со тутунопроизводителите да најдат заедничко решение за усогласување и надминување на проблемите. Бидејќи со неизнаоѓање на заедничко решение во догледен период може да дојде до намалување на заинтересираност за производство на тутун, а тогаш губат и двете страни.

На тутунопроизводителите останува да размислат, да донесат одлука и доколку сметаат, да ги потпишат договорите .
„Упатувам повик до тутунарите добро да ги разгледаат договорите, да размислат и нивна одлука е дали ќе ги потпишат или не“. Само потпишан договор од двете страни е легитимен договор. По потпишувањето на договорот Откупувачот е должен веднаш да ги внесе податоците во електронскиот систем (ИСЕТ) кој го води МЗШВ“, вели Станкоски.
Откупувачот е должен по завршувањето на крајниот рок од склучувањето на договорите, a тоа е 31 март, до подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одговорна за подрачјето на производство, во рок од десет работни дена, да достави список на сите склучени договори во електронска форма и по еден примерок од секој склучен договор.

„Земјоделците да не потпаѓаат на шпекулации. Инспекторатот, советодавните служби, АПРЗ, сите институции се отворени за соработка. Тука се институциите, нека повелат, нека прашаат, сè ќе им биде објаснето. Нека се интересираат за сè, а не да веруваат во сè што ќе слушнат и што ќе прочитаат по социјалните медиуми. Кој и да ни прати претставка за што и да е поврзано со нашата дејност ние излегуваме на терен и сме должни да постапиме по секој предмет. На веб-страницата имаме можност и за анонимни претставки така што секој може да ни се обрати.“, порача Станкоски.

Досега откупени 20.401 тон или 90% од вкупно договорената количина тутун

 

Се одбројуваат последните денови од 2022 година. Годинава тутунопроизводителите ги рушат рекордите и испишуваат историја на досега највисока просечна откупна цена од 290 денари за килограмшто претставува зголемување за повеќе од 40% во однос на минатогодишната. Откупот на тутун од реколтата 2022 година тече интензивно во сите 200 откупни пунктови, кои се навремено отворени на целата територија.  И ова е најубавиот завршеток за ваква предизвикувачка година. Да се заврши со убави вести, а тоа е дека откупот на тутун оваа година пишува историја и по цена и по количина и по период на откуп.
За прв пат, има тутун кој достигна рекордна цена од скоро 290 ден/кгр што претставува зголемување за +44% во однос на реколтата од 2021 година кога цената беше 200,44 ден/кгр.
За прв пат имав откуп кој протече без ниту еден проблем, од првиот ден кога започна откупот на 15 ноември до денес, се помина во најдобар ред како никогаш до сега. Околу 20.401 тон или 90% од вкупно договорената количина тутун е откупена.
И дополнително, целокупното производство од реколтата 2022 ќе биде откупено два месеци порано пред истекот на законскиот рок.

Oдржан промотивен настан посветен на развојот на информатичкиот систем за инспекциски надзор, Е- Инспектор

Во организација на Инспекцискиот совет, Европската банка за обнова и развој и избраната ИТ компанија ИТгма, се одржа Промотивен настан посветен на развојот на информатичкиот систем за инспекциски надзор, Е- Инспектор, на кој присуствуваше и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Јане Станковски. Развојот на Електронски систем за дигитализација и автоматизација на инспекциската постапка и надзор Е-инспектор, претставува ефикасен контролен механизам за намалување на субјективното влијание на инспекторите при вршењето на инспекциските надзори. Развојот на системот Е-Инспектор е највисоко на владината агенда и е една од основните стратешки цели на Инспекцискиот совет, како алатка во борбата против корупцијата и дигитализацијата на општеството. Придобивките од овој систем се далеку поголеми за субјектите на надзор, отколку за самите инспектори и инспекциски служби, бидејќи ќе го намали субјективното влијание на инспекторот, а со тоа и можноста за коруптивно однесување. Преку интегрирање на листите за проверка и електронската распределба на надзорите, инспекцискиот надзор ќе биде многу пообјективен, унифициран и без можност за манипулација, со што ќе се зголеми правната сигурност и довербата на граѓаните во севкупниот инспекциски систем. На настанот активно учество земаа Заменик на Претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, г-ѓа Славица Грковска, Шефот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој во Република Северна Македонија, г-дин Енди Аранитаси, Претседателка на Инспекцискиот совет на Република Северна Македонија, г-ѓа Даниела Рендевска и г-ѓа Ендрита Џаферај, експерт за инвестициска клима и управување во Европската банка за обнова и развој, проектен менаџер. Г-дин Станојоски, од ИТма даде краток вовед за наодот од преземените активности и детали за изготвувањето и имплементацијата на GAP Анализата на Пилот фазата од развитокот на информатичкиот систем Е-инспектор. Потоа се осврна на понатамошните чекори за развивање на 13-те нови модули за новите 13 инспекциски служби.

Јане Станкоски вели дека досега нема оспорена проценка при откупот на тутун

Досега се откупени преку 9.000 тони тутун по просечна цена од над 275 денари за килограм.

Откупот на тутунот се одвива непречено, без проблеми и според динамиката се очекува да заврши до Нова Година, информираат од Државниот земјоделски инспекторат. Досега се откупени преку 9 000 тони по просечна цена од над 275 денари за килограм.

Според Јане Станкоски, директор на Државниот земјоделски инспекторат, откупуваат сите 10 компании и досега нема оспорена проценка.

– Тутунот се откупува со забрзано темпо. Дневно, компаниите преземаат околу 1000 тони и со оваа динамика, се очекува откупот да заврши пред Нова Година. Досега се преземени над 9 000 тони, а просечната цена е преку 275 денари за килограм. Нема ниту едно оспорување на проценката и солидниот квалитет ќе донесе и повисоки субвенции за тутунарите, вели Станкоски.

Во рамките на ЕУ IPA Твининг проектот „Подобрување на административните и оперативните капацитети на надлежните органи за заштита на растенијата“, кој се спроведува во соработка со надлежните фитосанитарни служби од Италија и Грција, во периодот од 28.11.2022 до 01.12.2022 година во Велес се одржа Работилница на која се работеше на подготвување на Предлог законот за здравјето на растенијата на која учествуваа претставници од Фитосанитарната управа, Државниот инспекторат за земјоделство, како и ЕУ експертите од фитосанитарната област г-дин Џанлука Говернатори и г-дин Христос Арабацис. Предлог законот е хармонизиран со новото законодавство на Европската унија од областа на здравјето на растенијата, односно Новиот режим за здравјето на растенијата (Регулативите 2031 од 2016  година и 625 од 2017 година).  

Галерија

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, м-р Јане Станкоски учествуваше на Регионалната работилница за зголемување на ефикасноста на спроведување на АЕО (Овластени економски оператери) со зајакнато учество на другите агенции вклучени во граничното управување, меѓу кои спаѓа и  Државниот инспекторат за земјодество преку фитосанитарната инспекција на граничен премин. Работилницата беше организирана од страна на USAID и на истата земаа учество  експерти од СТО, ЕУ експерти од областа на царинско работење, фитосанитарна политика и ветеринарство, како и претставници од царинските служби,  фитосанитарните и ветеринарните надлежни служби од Република Северна Македонија, Република Србија и Република Албанија, претставници на компаниите кои се овластени економски оператори во трите земји. Целта на Работилницата беше презентирање на правилата за добивање на горенаведеното овластување, поволностите за овластените економски оператери во царинските постапки, како и  анализа на постапките и процедурите на фитосанитарна и ветернарна испекција на граничен премин, во насока на предложување на активности за добивање на поволен третман на овластените економски оператори согласно законодавството во областа на царина и во однос на увозните процедури при спроедување на  фитосанитарна и ветернарна испекција.  

Галерија

Расте цената на тутунот, откупот стартува со над 30% повисока цена, владините мерки за развој на тутунопроизводството даваат позитивни резултати

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Јане Станкоски, заедно со претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачески и  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во Прилеп имаа средба со дел од земјоделците производители на тутун и го посетија откупниот пункт за тутун во рамки на Тутунскиот комбинат во Прилеп. Согласно податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, оваа година како што изјави премиерот Ковачевски, откупот на тутунот започнува со зголемена откупна цена над 30% споредено со минатата година. Пораст има и во делот на склучени договори за откуп и планирани количини за откуп на тутун.
Според официјалните податоци од Државниот инспекторат за земјоделство, со задоволство можам да кажам, дека оваа година откупот на тутун започнува со позитивни податоци: повисока откупна цена, повеќе склучени договори, поголемо планирано количество за откуп, подобар квалитет на тутунот.
Годинава откупот на тутунот стартува со над 30% повисока цена споредено со лани. Односно откупната цена за килограм тутун е 261 денари, за разлика од лани кога била 200 денари за килограм. Ова се историски највисоки откупни цени за тутунот во последните 10 години! Ќе кажам еден податок што ја потврдува мојата констатација – а тоа е дека од 2014 година до денес откупната цена на тутунот е зголемена за 115,7 %.
Пораст има и кај бројот на склучени договори. За реколта 2022 година склучени се 29.653 договори што е за 7% повеќе од минатата година кога биле склучени 27.712 договори. Оваа година се очекува да се откупи околу 21.000 тони тутун што е за над 10 % повеќе од лани кога се откупиле 18.600 тутун. Имаме тутун со подобар квалитет во однос на минатата година.
Овие стартни податоци ветуваат успешен откуп на тутунот, што крајно значи бенефит и за државата и за тутунопроизводителите да продолжат да вложуваат во производството, да придонесуваат за развојот на оваа земјоделска гранка.
Ваквите бројки се доказ дека мерките кои што оваа Влада ги презема за тутунопроизводството, даваат позитивни резултати.
Тутунот е наша традиционална но и извозно ориентирана земјоделска гранка која носи годишен девизен прилив од над 120 милиони евра. Околу 20.000 семејства егзистираат од оваа гранка, и затоа секоја преземена мерка е во интерес на тутунопроизводителите, да имаат стабилно и одржливо производство.
За прв пат оваа Влада донесе нов модел за зголемени субвенции за тутунот според кој субвенцијата за прва класа е 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи. Со тоа ги мотивиравме тутунарите да произведат повеќе и поквалитетен тутун, за да остварат повисока субвенција.
Паралелно со новиот модел за субвенции, се донесе и нов Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, со кој што се решија сите отворени прашања кои го оптоваруваа производството и откупот на тутун.
За прв пат, се донесе „Национален план за производство на храна“, кој содржи конкретни мерки за поддршка на овој важен сектор во време на криза и планот веќе се реализира. Планот содржи Интервентна програма во вредност од 900 милиони денари и конкретни мерки за зголемено производство на основни прехранбени производи, за увозна независност, мерки со кои ги поттикнуваме земјоделците максимално да ги искористат сите ресурси, секоја педа обработливо земјоделско земјиште во државата.
За прв пат ресорното министерство подготви нов модел за распределба на земјоделските субвенции, со кој се решаваат сите долгогодишни проблеми на земјоделците, се овозможува брз систем за исплата на субвенциите кон земјоделците и спречуваат злоупотребите на субвенциите.
Со новиот „decoupling систем“ земјоделците добиваат авансна исплата на субвенциите, дополнителна поддршка добиваат оние земјоделци кои ќе се насочат кон производство на стратешките култури, но и земјоделците кои од своето производство создаваат финален производ за продажба.
Продолжуваме со истото темпо за развој на земјоделството и понатаму. Северна Македонија има ресурси, има плодна почва, идеална клима, вредни земјоделци, затоа и ќе продолжиме со владините мерки, да дадеме поддршка и земјоделството да е двигател на македонската економија.

Галерија

О  Б  Ј  А  В  А  бр. 2/2022

Врз основа на член 22, 23, 24, 46, 47, 48 и 49  од  Законот  за  користење  и  располагање  со  стварите во  државна  сопственост  и  со  стварите  во  општинска  сопственост (,,Службен  весник  на Република Македонија“  бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16,  21/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19 и 275/19) , согласно Одлуката на Владата  на  Република  Северна  Македонија бр. 41-5941/1 од 06.09.2022 година објавена во Службен весник на Република Северна Македонија бр. 197/22, Комисијата за продажба на движни  ствари на Државен инспекторат за земјоделство ја дава следнава :

 

О  Б  Ј  А  В  А  бр. 2/2022

за втора продажба на движни  ствари – моторни возила (за старо железо) по  пат  на  електронско јавно  наддавање

 

  1. ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА СО ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронско јавно надавање е продажба на движни ствари, за старо железо, сопственост на Република Северна  Македонија, чиј  корисник е Државен инспекторат за земјоделство, согласно Одлуката на Владата  на  Република  Северна  Македонија за продажба на движни ствари бр. 41-5941/1 од 06.09.2022 година објавена во Службен весник на Република Северна Македонија бр. 197/22.

  1. ПОДАТОЦИ ЗА ДВИЖНИТЕ СТВАРИ – ВОЗИЛА
Ред.Бр. Податоци за возилото Број на шасија Година на набавка
1 Патничко моторно возило, марка КИА, тип: Спортаж 2.0 4W D, регистарска ознака: SK 023 RF KNAJA553585104144 1995
2 Патничко моторно возило, марка: Пежо, тип: 106 Актив, регистарска ознака: SK 339 HT VF31AVJZE52491041 2000
3 Патничко моторно возило, марка: Сеат, тип: Леон 1.9, регистарска ознака: SK 983 RH VSSZZZ1MZ2R015314 2002
4 Патничко моторно возило, марка: Сеат, тип: Толедо 2.0, регистарска ознака: SK 9931 АI VSSZZZILZZD156395 1992
5 Патничко моторно возило, марка: Цитроен, тип: Саксо X 1.5 D, регистарска ознака: SK 9416 AF WF7S0VJZF57367092 2001
6 Патничко моторно возило, марка: Сузуки, тип: Алто 1.0, регистарска ознака: ЅТ 3122 AH MA3EFA11S00119178 1995
7 Патничко моторно возило, марка: Опел, тип: Корса 1.3 CDTI, регистарска ознака: SK 560 OJ W0L0XCF0846144808 2004
8 Патничко моторно возило, марка: Сузуки, тип: Алто 1.0, регистарска ознака: ЅТ 365 VI MA3EFA11SOO111570 1995
9 Патничко моторно возило, марка: Сузуки, тип: Алто 1.0, регистарска ознака: SK 8137 AH MA3FFA11SOO-112075 1995
10 Патничко моторно возило, марка: Застава, тип: Југо Корал 65 1.3, регистарска ознака: SK 3190 AD VX1145A01030094 1993
11 Патничко моторно возило, марка: Мерцедес, тип: 200  Туринг  D,  со  регистарска  ознака: SK 0387 AK WDB1241801FO28624 1989
12 Патничко моторно возило, марка: Опел, тип: Корса 1.3 CDTI, регистарска ознака: SK 7804 AH W0L0XCF0846145893 2004
13 Пловен објект – чамец, марка на чамец: Бојлиндер Капри, марка на мотор: Меркуруисет број на шасија (мотор): 00877188 /
14 Марка на мотор за чамец: Евенруде 60 број на шасија (мотор): 05199347 /
Проценета почетна цена во денари 144.885,00 денари

 

  1. ДАТУМ НА ОДРЖУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

Продажбата ќе  се изврши како една целина, односно како старо железо, на ден 16.12.2022 година во 11:00 часот.

Движните ствари (заклучно со реден број 14 од Табелата) се лоцирани во Скопје на адреса Бул. Илинден – плац на Водостопанство, 1000 Скопје.

Избраното правно или физичко лице има обврска да изврши преземање на движните ствари предмет на јавниот повик од локацијата наведена во точка 3 согласно законските прописи.

Подетални информации можат да се добијат на тел. 02/3121-462 или на 071/411-851 лице за контакт Боби Дрндаревски, е-маил: bobi.drndarevski@diz.gov.mk

Јавното наддавање ќе се  изврши  по  пат на  електронско  јавно  наддавање  на следната интернет страница:  www.e-aukcii.finance.gov.mk.

  1. ПОЧЕТНА ЦЕНА НА ВОЗИЛОТО И ВИСИНА НА БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА

Продажбата на движните ствари ќе се изврши заедно по пат на електронско јавно  наддавање преку електронскиот систем за јавно наддавање со кој управува и оперира Министерството  за финансии – Управа за имотно – правни работи со проценета вредност  согласно Процената од Бирото за судски вештачења бр. CB/ЕL V -166/21 од 31.05.2022 година, во која е проценета вкупната вредност на движните ствари во износ од 144.885,00 денари

Почетната вредност на електронското јавно наддавање претставува вкупната проценета вредност и истата изнесува 144.885,00 денари

Висината на банкарската гаранција за сериозност на понудата изнесува 2% од висината на почетната цена на електронското  јавно  наддавање (144.885,00 денари), односно висината  на гаранцијата  изнесува 2.897,70 денари.

 

 

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на  учество  на  електронското  јавно  наддавање имаат  сите  домашни и  странски физички и  правни  лица кои  можат да  се  стекнат со  сопственост на  движни  ствари – моторни  возила на територијата на Република Северна Македонија согласно со закон.

Заинтересираните правни или физички лица можат  да  учествуваат  на  јавното  наддавање само за сите  возила  заедно, односно  јавното  наддавање ќе биде групно за сите  возила наеднаш.

  1. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА  УЧЕСТВО  НА  ЈАВНОТО  НАДДАВАЊЕ

Пријавувањето за  учество  на  јавното  наддавање се   врши  електронски на следната интернет  страница: www.e-aukcii.finance.gov.mk.

Во прилог подносителот треба  да  поднесе:

  1. Банкарска гаранција за сериозност  на понудата во  висина од 2%  од почетната  цена на јавното  наддавање, односно висината  на гаранцијата изнесува 2.897,70 денари. Покрај електронски, банкарската гаранција за сериозност на понудата треба во писмена форма (во оригинал) да се достави  и до архивата на Државниот инспекторат за земјоделство во  затворено  плико  со  назнака  за ,,Комисија  за  продажба на движни  ствари – моторни  возила“, на  адреса  Ул. Бул.Гоце Делчев бр.18 (Зграда на МТВ 13 кат);
  2. За правни лица – тековна состојба од  Централен регистар на Република Северна Македонија, односно соодветен  документ издаден од надлежен орган од земјата каде е регистриран правниот субјект не постара од шест месеци до денот на завршување на објавата;
  3. За странски правни лица – извод од регистрација од соодветен регистар во државата од која доаѓа;
  4. За физички лица – Копија од важечка лична карта или  важечка патна исправа.
  5. Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронско јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничкото име и шифра за пристап на страната e-aukcii.finance.gov.mkна која што ќе се одвива електронското јавно наддавање.
  6. 7. РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

            За учество на јавното наддавање, учесниците се должни електронски да се пријават до истекот на 15-от ден, сметано од денот на објавување на објавата во дневните весници и на интернет страницата, односно заклучно до 13.12.2022 година.

Комисијата на подносителите кои во системот за електронско јавно наддавање се пријавиле со комплет документи во прилог, во рок од 3 дена од истекот на времетраењето на објавата ќе им достави корисничко име и шифра за учество во јавното наддавање, а на подосителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат во јавното наддавање.

  1. БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА

Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.

Банкарската гаранција треба да биде издадена во македонска валута, од банка која што работи и врши банкарски активности во Република Северна Македонија, а времетраењето на банкарската гаранција треба да биде со рок на важност од 60 дена од денот на издавањето.

 

  1. 9. НАЧИН И ПОСТАПКА  ЗА  СПРОВЕДУВАЊЕ  НА ЈАВНОТО  НАДДАВАЊЕ

Јавното наддавање се спроведува во согласност со одредбите од член 26, член 48 и член 49 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и стварите воопштинска сопственост (,,Службен весник на Република Македонија “ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/19 и 275/19).

Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена за продажба на движните ствари – моторни возила и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

Јавното наддавање ќе се одржи и доколку по Објавата се пријавил само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во Објавата и ја наддаде почетната цена. Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат односно зголемуваат цената на возилото. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда. Јавното наддавање продолжува неограничено, се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.

Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на движната ствар се намалува за 2% од проценетата вредност по што учесниците на јавното наддавање повторно имаат можност да ја прифатат односно зголемуваат цената без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда. Доколку во времетраење од 5 минути повторно нема понуда, вредноста на движната ствар повторно се намалува за 2% од првичната проценета вредност.

За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за продажба на движната ствар.

Комисијата по завршување на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.

Учесниците  на јавното  наддавање имаат  право  на приговор само  по  однос  на постапката на  јавното  наддавање. Приговорот се  доставува до  Комисијата во  рок од 3 дена од  денот  на одржувањето  на јавното  наддавање. Комисијата  одлучува по приговорот со  решение во  рок  од 5  дена од приемот на приговорот. Против решението  на Комисијата може  да  се изјави жалба до  Државната  комисија за  одлучување  во  управна постапка и постапка  од  работен однос  во  втор  степен.

Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор е должен да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена за возилото на сметка на Државниот инспекторат за земјоделство, а доколку не ги уплати во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните движни ствари.

Со најповолниот понудувач, во рок од 5 работни дена по извршената уплата на цената на возилото, се склучува Договор за продажба на движните ствари. Договорот во рок од 30 дена купувачот го доставува кај нотар заради вршење на солемнизација. Обврската за трошоци за солемнизација на Договорот паѓа на товар на купувачот.

Оваа објава ќе биде објавена на веб страната на Државниот инспекторат за земјоделство (www.diz.gov.mk).

  1. 10. ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА НА КОЈА  ЌЕ  СЕ ОДРЖИ  ЈАВНОТО  НАДДАВАЊЕ

            Јавното  наддавање ќе се изврши електронски на следната  интернет  страница:

www.e-aukcii.finance.gov.mk

Јавното наддавање ќе се одржи на ден 16.12.2022 година во 11:00 часот.

Комисија за продажба на движни ствари на Државниот инспекторат за земјоделство