Во периодот од 26.06 до 30.06. 2023 во рамките на тековниот Твининг проект МК 19 ИПА АГ 01 21 „Подобрување на административните и оперативните капацитети на службите за заштита на растенијата“ кој се реализира во соработка со надлежните служби од Република Италија и Република Грција беше реализирана студиска посета во Грција. На студиската посета земаа учество повеќе претставници од надлежните служби од нашата држава, меѓу кој и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, м-р Јане Станкоски.

Целта на студиската посета беше да се стекне практично знаење и искуство во однос на процедурите и нивно спроведување во областа на здравјето на растенијата и официјалните контроли согласно режимот за здравје на растенијата и официјалните контроли во земја членка на ЕУ – Грција.  За време на посетата практично беше презентиран и концептотот на интегрална заштита на растенијата и примената на системот за одржлива употреба на пестициди, со посeбен акцент на примена на нови непестицидни алтернативни методи за борба со штетните организми.

Студиската посета беше одлична можност да се воспостави и да се зајакне соработката помеѓу фитосанитарните служби помеѓу Грција и Северна Македонија и да се надминат сите отворени прашањата кои се однесуваат на трговијата односно фитосанитарните барања при увоз и извоз помеѓу двете земји.  Исто така, студиската можност беше можност да се покренат нови иницијативи за идна соработка помеѓу двете земји.  Студиската посета вклучи серија на меѓу кои граничните фитосанитарни служби во Атина, пристаништето Пиреус, посета на компанија за производство на расад од зеленчукови растенија, посета на голем број на производители на земјоделски производи (јаболка, киви, цреши, домати, праски), како и задруги за производство, доработка и продажба на свежо овошје и зеленчук во регионите Атика, Тесалија и околината на Солун.

Започнува соработка меѓу земјоделските инспекторати на Македонија и Италија – заедно до повисоки стандарди во контролата на земјоделските производи

 

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство на Република Северна Македонија м-р Станкоски Јане и директорот на Централниот инспекциски оддел за заштита на квалитетот и за заштита од измами кај земјоделско-прехранбените производи при Министерството за земјоделство, прехранбен суверенитет и шумарство на Република Италија Феличе Асентза во присуство на амбасадорот на Република Северна Македонија во Републима италија Весел Мемеди и амбасадорот на Република Италија во Република Севрна Македонија Андреа Силвестри потпишаа Меморандум за разбиање.

Преку овој Меморандум страните ќе воспостават постојан канал на соработка со цел да се подобрат стандардите за контрола на прехранбените производи, на ознаките на храната, на органските производи, на географските ознаки за вина, за ароматизирани вина, за прехранбени производи и за јаки алкохолни пијалоци и на снабдувањето на земјоделските стопанства со што би се спречило какво било прекршување на законската регулатива поврзана со трговијата на прехранбени производи и со географските ознаки.

Меморандумот обезбедува услови за размена на податоци, искуства и добри практики во насока на заштита на потрошувачите.

Државниот инспекторат за земјоделство ќе продолжи да ја унапредува воспоставената пракса во понатамошниот период за одржување на успешна комуникација со другите релевантни органи и институции од регионот и пошироко во Европа.

Станкоски: Со поврзување на фитосанитарните системи во регионот трговијата оди побрзо и нема чекање на границите

На 15 и 16 мај, 2023 година во Будва, Црна Гора, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство м-р Јане Станкоски учествуваше на Самитот „Одржливи врски – посилна економија“. Самитот имаше цел да го промовира ефикасниот транспорт на луѓе и стоки како мерка за пристап до работни места и услуги која овозможува трговија и раст во економиите.

Директорот на ДИЗ се обрати на панел на тема “Подобрено управување на гранични контролни точки” и истакна дека нашата земја меѓу првите воспостави поврзување на националниот фитосанитарен ИТ систем за увоз и извоз со SEED + системот, со цел да се забрза размената на податоците за тргуваната пратка од земјата на потекло до шпедитерите и фитосанитарните инспектори во земјата на крајна дестинација. “Очекуваме многу придобивки како за фитосанитарните инспектори, така и за операторите. Фитосанитарните инспектори ќе добијат податоци пред пратката да биде физички присутна на граничниот премин и ќе можат однапред да го извршат првиот чекор од инспекцијата – проверка на документација. Кога пратката ќе пристигне на граничниот премин, ќе се извршат само другите два чекори на фитосанитарна инспекција, со што ќе се забрза процесот на контрола. Во случаите кога ќе констатираат некои неусогласености, инспекторите можат веднаш да реагираат и да го известат шпедитерот и проблемот може да се реши во периодот пред пристигнувањето на пратката, без дополнително чекање и доцнење.” – појасни директорот Станкоски во рамки на панелот. Тој објасни и дека во однос на фитосанитарното сертифицирање на растенијата и растителните производи, оваа поврзаност овозможува фитосанитарниот инспектор да може да ги земе податоците од системот и да ги користи за пополнување на рубриката 11 од Фитосанитарниот сертификат, со што ќе се избегнат случаите на чекање на границите на пратката поради несоодветна дополнителна декларација што предизвикуваше проблеми во трговијата во минатото. Олеснувањата од оваа мерка се големи и за шпедитерот во земјата на увоз кој може директно да ги користи податоците што се веќе внесени во земјата на потекло и да внесе само некои дополнителни неопходни податоци. “Е-Фитосанитарни сертификати се воведени од многу земји во светот со цел да се олесни меѓународната трговија со растенија и растителни производи. Една од целите што сакаме да ја постигнеме е постојан развој на работата на нашата служба, имајќи го предвид олеснувањето на трговијата и давање поддршка на операторите со цел намалување на времето.” – резимира Станкоски.

Настанот е организиран од Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница и Секретаријатот на ЦЕФТА, под покровителство на Министерството за капитални инвестиции на Црна Гора. На настанот земаа учество повеќе Министри , директори на надлежните институции од ЦЕФТА земјите.

Со поддршка од ЕУ и Хрватска успешно заврши проектот за унапредување на рибарството и аквакултурата

 

Во рамките на Твининг лајт проектот „Усогласување на законодавството и имплементација на правото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија“  вчера се одржа завршен настан.

Проектот е финансиран со средства од Европската Унија и имплементиран во соработка помеѓу Министерството за земјоделство на Република Хрватска – Управа за рибарство и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија како главен корисник на проектот. Вредноста на проектот е во износ од 250.000,00 евра и започна со имплементација на 09 мај 2022 година, со времетраење од 10 месеци.

Целта на проектот беше зајакнување на капацитетите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на останатите засегнати институции во поглед на усогласување на правната рамка во делот на пазарното уредување и структурните активности во рибарството и аквакултурата со правото на ЕУ.

Во рамките на проектот изготвен е нов Закон за Финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата и 7 правилници кои произлегуваат од истиот, како и други подзаконски акти. Сите се усогласени со европските ругулативи што беше и целта на проектот.

Дополнително, преку соработката и активностите во текот на проектот, се подобрија административните капацитети и инспекциските служби се стекнаа со вештини кои во иднина ќе им овозможат подобро да се соочат со предизвиците и поуспешно да ги извршуваат своите работни задачи.

Претставникот на Делегацијата на ЕУ во Македонија Штефен Худолин, истакна дека е задоволен од постигнатите резултати и посочи дека поддршката на ЕУ продолжува и понатаму за уште многу други проекти и активности.