И покрај короната инспекторите на ДИЗ се постојано на терен и го контролираат откупот на тутунот

 

Инспекторите на Државниот инспекторат за земјоделство се постојано на терен и го контролираат откупот на тутунот. Досега до Второстепената комисија се поднесени околу 90 приговори од тутунарите од кои повеќе од половина приговори се позитивно решени. Приговорите главно се однесуваат на квалитетот и ниската проценка на класите. Годинава истиот квалитет на тутун откупувачите го проценуваат за една класа подолу.
Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ ги демантира тврдењата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ дека инспектори не го контролираат процесот на откуп на тутунот и оти има увоз на тутун кој ја спушта цената на домашниот и го загрозува домашното производство.
-Не е точно дека инспекторите не го контролираат откупот на тутунот. Со оглед на состојбата со корона и фактот дека многу од инспекторите се позитивни, постојано има инспектори на терен. Освен инспекторите од регионот, се ангажираат и инспектори од другите градови во државата за да им излезат во пресрет на тутунарите. Ние ги охрабруваме производителите да приговараат. Вистина е дека откупувачите велат дека квалитетот на тутунот е послаб од ланскиот и им го проценуваат за една класа подолу. Сознанијата од терен покажуваат дека навистина откупувачите годинава се многу построги во однос на проценката на квалитетот на тутунот, изјави Шапуриќ.
Тој додава дека Државниот инспекторат за земјоделство постојано е во контакт и со откупувачите и со производителите на тутун и реагира на пријавите на тутунарите. Освен количините на откупениот тутун, проценката на тутунот, инспекторите проверуваат и дали навреме се отвораат откупните пунктови, дали се лиценцирани вагите и дали навреме се врши исплата на откупениот тутун согласно рокот на пропишан во договорите.
Според Шапуриќ, откупната цена бележи благ пораст од почетната, а досегашна придобивка од договорите е што одбитоците се сведени на пет проценти. Просечната откупна цена на тутунот е зголемена на 167 денари, за разлика од почетната која беше 162, па 164, 166 денари.
И министерот за земјоделство Арјанит Хоџа се согласи дека тутунарите имаат право да се лутат зашто, како што посочи, скоро 65 отсто од проценката е лоша и тоа е докажано преку Второстепената комисија.
-Точно е, откупот на тутунот почна лошо, но веќе е постигнат напредок и има подобрување. Просечната цена е зголемена од 162 на 167 денари. Преземањето на договорените количини не смее да запре, процесот мора да продолжи, а за тоа е неопходна флексибилност од двете страни. Ситуацијата постојано ја следиме, разговараме и со производителите и со откупувачите, постојано комуницираме и нашата интенција е да најдеме најдобри решенија за двете страни, изјави Хоџа и додаде дека до крајот на откупот може да се достигне и ланската цена од 220 денари за килограм.
Сепак тутунарите велат дека тутунот не се откупува по тие цени. Во моментов имаме за класа до две пониска проценка со што цената на тутунот е за повеќе од 60 денари пониска од истиот период минатата година.

Во Прилеп е постигнат договор за подобрување на состојбата со откупот на тутун.

После повеќе часовна дискусија помеѓу тутунарите и откупните компании, во присуство на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски во Прилеп е постигнат договор за подобрување на состојбата со откупот на тутун.
Донесен е заклучок, потпишан од сите присутни, со кој се дефинираат целите за следниот период и се верификуваат заедничките усогласени ставови:
1. Сите откупни линии непречено да вршат откуп на тутун;
2. Во последниве два дена има подобрување на откупот и сите откупувачи се согласни да продолжат и да воспостават флексибилна линија, со тоа што реално ќе се проценува тутунот;
3. Секој ден, на транспарантен начин ќе се објавува откупената количина на тутун и по која цена;

4. Во моментот кога ќе има откупено 75% од вкупната количина, ќе се одржи заеднички состанок на кој ќе се договори решение за откуп на вишокот тутун, за кој првично има согласност од откупните компании дека ќе биде откупен.

Извозот на македонските јаболка во првите 9 месеци поголем за 34% во споредба со лани

 

Јаболката се најизвезуваното овошје од Македонија со зголемен прилив на средства или раст за цели 34% споредбено со ланската година.

Во периодот од јануари до септември 14.4 милиони евра влегле во државата од јаболка, покажуваат податоците од државниот завод за статистика, информира

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ во Прилеп оствари средба со Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари и Сојузот на тутунарски здруженија

Во салата на општинската зграда во Прилеп, вчера попладне, директорот на Државнопт онспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа,   имаше  средба со Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари и Сојузот на тутунарски здруженија.

Во напната атмосфера, тутунарите го искажаа своето незадоволство од непочитувањето на договорот од петокот, од страна на откупните претпријатија како и незадоволство од проценката на тутунот. Министерот Хоџа ги извести  тутунарите за вчерашниот состанок, кој беше одржан заедно со премиерот Заев и откупувачите. Ги извести и за моменталната откупена количина и просечната  откупна цена на тутунот.

За таа цел закажана е средба во петок, на која ќе присуствуваат и откупните компании. Дотогаш, протестите ќе бидат прекинати! Ги информирав присутните дека вчера Државниот инспекторат за земјоделство присуствуваше на првите приговори до второстепената комисија. Откупот на тутун е во почетна фаза. Законскиот рок за целосно отварање на сите пунктови е најдоцна до 15 декември.

Министерот Хоџа  повика на воздржаност и почитување на договорот од петокот, постигнат помеѓу двете страни.

Најавена е  повторна средба во петок, на која ќе присуствуваат двете страни, за да биде направен пресек на количината на откупен тутун за оваа недела. Преку тие бројки ќе се добие солидна основа за разговор и анализа.

Шапуриќ: Доколку постои незадоволство од процената земјоделците можат да поднесат жалби до надлежна второстепена комисија

 

Веќе неколку дена, се одвива откупот на тутунот. Инспекторите на Државниот инспекторат за земјоделство и во овие мошне сложени услови на пандемија,се постојано на терен на откупните пуктови и вршат надзор над исполнувањето на условите, сертифицираноста на сите мерни инструменти, истакнување на ценовници, динамиката и други услови.

Доколку постои незадоволство од процената земјоделците можат да поднесат жалби до надлежна второстепена комисија, а нивните повереници да вршат исто така, според прописите надлежности да вршат оспорувања на одредени количини.

Тутунопроизводителите се жалат на ниска откупна цена на тутунот и бараат поддршка од институциите

Иако откупот на тутунот од страна на сите 10 откупни претпријатија не е започнат, се погласни се реакциите на тутунопроизводителите за ниска откупна цена на тутунот. До редакцијата на Агротим пишуваат незадоволни земјоделци кои се жалат, како што велат, на нереална проценка на тутунот и бараат поддршка од институциите.

За ваквите тврдења на тутунопроизводителите став побаравме од директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ.

-Согласно законот, откупот на тутунот започнува најрано на 15 ноември, а најдоцна до 15 декември. Досега, од десетте регистрирани откупувачи само три започнаа да откупуваат на одреден број на пунктови. Деновиве се очекува и останатите откупувачи да отпочнат со откупот. Од 10 регистрирани откупувачи 8 обезбедија финасиски средства како гаранција за наврмена исплата на тутунот на земјоделците и добија одобрение од страна на Државниот инспекторат дека ги исполнуваат условите за откуп предвидени со законот: гаранции за финасиски средства, сетрификација на уреди за мерење на тежина и за мерење на влага, обезбедување на пунктови за откуп и друго.Останатите две регистрирани компании се должни да ги обезбедат тие услови најдоцна до 15 ти декември. Државниот инспекторат за земјоделство по поднесување на барање од откупните компании брзо реагираше и ги изврши сите неопходни контроли и констатира дека се исполнети условите – вели Шапуриќ и додава дека инспекторите се постојано на терен.

-Иако во мошне тешки услови на пандемија, во ситуација кога доста инспектори се лекуваат од Ковид 19 или пак, се во изолација инспекторите се постојано на терен. Улогата на инспекторатот е да врши контрола на исполнетоста на услови и на одвивање на откупот според предвидената динамика. Постојат реакции од страна на одредени производители дека проценката на тутунот од страна на компаниите кои се занимаваат со откуп е пониска за една класа и имаат поплаки до инспекторатот, до мене лично, до министерот за земјоделство шумарство и водостопанство и до министерствтот како и до други институции, но државата и институциите не можат да влијаат врз проценката и врз цената. Тоа може да го направат производителите единствено според законот преку жалба за проценка на тутунот пред надлежна комисија каде пак, државата има еден претставник. Иако откупот е на сам почеток, досега нема жалби – изјави Шапуриќ и потсети дека лани имаше само 9 жалби од кои 4 беа повлечени, 2 одбиени, а 3 прифатени. За годинава претпоставува дека ќе има повеќе жалби.

– Со министерот Аријанит Хоџа сум во секојдневена комникациии, а одржани се повеќе средби со откупувачите и со претставници на земјоделски производителеи. Овие средби каде претставниците на државата, на откупувачите и на производителите ќе ги изнесуваат своите аргументи. Се следи и ќе се следи состојбата, а ваквите средби ќе продолжат и понатаму особено по 10 декември кога се очекува поинтезивен откуп. Многу е важно да се почитуваат здравствените протоколи од сите инволвирани субјекти, во овие мошне тешки услови и откупот да биде безбеден максимално во поглед на здравствените апспекти. Не дај боже да дојде до поголемо заболување кај вработените во откупните пунктови, кај производителите или пак инспекторите откупот ќе биде на многу места мошне отежан, па затоа е важно да биде безбден – апелира Шапуриќ.

Минатата година се склучија договори за откуп на 26 милиони килограми тутун и целата количина беше откупена. Годинава се склучени договори за околу 3 милиони килограми тутун помалку и очекуваме целата количина да биде откупена. Откупувачите наведуваат дека помала количина на тутун што е договорена се должи поради залихите што ги имаат од ланскиот откуп и помала побарувачка на светскиот пазар и конкуренцијата на вишокоот на тутун од други земји

-Годинава откупувачите одлучија согласно законот да отпочната подоцна со откуп и сеуште е рано за некои конечни оценки и согледувања. Ова ќе може да се проценува целосно дури околу 15 декември кога мора сите откупувачи да отпочнат со откупот на тутунот – изјави за Агротим, Шапуриќ.