На 15 и 16 мај, 2023 година во Будва, Црна Гора, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство м-р Јане Станкоски учествуваше на Самитот „Одржливи врски – посилна економија“. Самитот имаше цел да го промовира ефикасниот транспорт на луѓе и стоки како мерка за пристап до работни места и услуги која овозможува трговија и раст во економиите.

Директорот на ДИЗ се обрати на панел на тема “Подобрено управување на гранични контролни точки” и истакна дека нашата земја меѓу првите воспостави поврзување на националниот фитосанитарен ИТ систем за увоз и извоз со SEED + системот, со цел да се забрза размената на податоците за тргуваната пратка од земјата на потекло до шпедитерите и фитосанитарните инспектори во земјата на крајна дестинација. “Очекуваме многу придобивки како за фитосанитарните инспектори, така и за операторите. Фитосанитарните инспектори ќе добијат податоци пред пратката да биде физички присутна на граничниот премин и ќе можат однапред да го извршат првиот чекор од инспекцијата – проверка на документација. Кога пратката ќе пристигне на граничниот премин, ќе се извршат само другите два чекори на фитосанитарна инспекција, со што ќе се забрза процесот на контрола. Во случаите кога ќе констатираат некои неусогласености, инспекторите можат веднаш да реагираат и да го известат шпедитерот и проблемот може да се реши во периодот пред пристигнувањето на пратката, без дополнително чекање и доцнење.” – појасни директорот Станкоски во рамки на панелот. Тој објасни и дека во однос на фитосанитарното сертифицирање на растенијата и растителните производи, оваа поврзаност овозможува фитосанитарниот инспектор да може да ги земе податоците од системот и да ги користи за пополнување на рубриката 11 од Фитосанитарниот сертификат, со што ќе се избегнат случаите на чекање на границите на пратката поради несоодветна дополнителна декларација што предизвикуваше проблеми во трговијата во минатото. Олеснувањата од оваа мерка се големи и за шпедитерот во земјата на увоз кој може директно да ги користи податоците што се веќе внесени во земјата на потекло и да внесе само некои дополнителни неопходни податоци. “Е-Фитосанитарни сертификати се воведени од многу земји во светот со цел да се олесни меѓународната трговија со растенија и растителни производи. Една од целите што сакаме да ја постигнеме е постојан развој на работата на нашата служба, имајќи го предвид олеснувањето на трговијата и давање поддршка на операторите со цел намалување на времето.” – резимира Станкоски.

Настанот е организиран од Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница и Секретаријатот на ЦЕФТА, под покровителство на Министерството за капитални инвестиции на Црна Гора. На настанот земаа учество повеќе Министри , директори на надлежните институции од ЦЕФТА земјите.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

I accept the Privacy Policy