Царува ли црн пазар на пестициди во Македонија кои се користат во земјоделието
Неделен извештај за инспекциски надзор на Државниот инспекторат за земјоделство
Инспекциски совет на 326 – тата седница , одржана на 19.10.2023 година, го разгледа и усвои Образецот за Неделен извешрај за извршени надзори.
Неделен извештај за инспекциски надзор на Државниот инспекторат за земјоделство
Интерен оглас број 03/2023
Во рамките на ЕУ IPA Твининг проектот „Подобрување на административните и оперативните капацитети на надлежните органи за заштита на растенијата“, кој се спроведува во соработка со надлежните фитосанитарни служби од Италија и Грција, во петок 27.10.2023 година во просториите на Државниот инспекторат за земјоделство беше одржана обука на тема „Презентација на Стандардните оперативни процедури за спровдување на фитосанитарна инспекција на производство на материјал за размножување од коскесто овошје“ од страна на италијанскиот експерт г-дин Фурио Рицоли, фитосанитарен инспектор од регионот Емилија Ромања, со повеќегодишно искуство
Стандардните оперативни процедури кои беа презентирени на обуката се значајна алатка која е директно применлива и во иднина ќе биде користена од страна на државните фитосанитарни инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство при спроведување на нивните работни активности. Со спроведување на наведените процедури фитосанитарната инспекција во расадниците за производство на репродуктивен материјал од коскесто овошје во нашата држава ќе се спроведува во согласност со праксата во Европската Унија.
На наведена обуки земаа учество државните фитосанитарни инспектори од внатрешноста на државата и од граничните премини
Во Брисел започна билатералниот скриниг за Поглавје 11, „Земјоделство и рурален развој“, дел од Кластерот 5, „Ресурси, земјоделство и кохезија“. Поглавјето 11 опфаќа поголем број на обврзувачки правила неопходни за функционирање на заедничката земјоделска политика.
Пред експертите на Европската Комисија од Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој како и Дирекцијата за добрососедство и проширување, министерот Николовски го презентираше напредокот во преговарачкиот процес, нагласувајќи ја благодарноста до Европската Комисија за зглемената ИПАРД поддршка преку која се помага развојот на македонското зејоделство и руралниот развој.
„Благодарен сум што нашиот успех со реализацијата на ИПАРД 2 програмата беше позитивно оценет од страна на Европската Комисија, која одлучи за 62% да ја зголеми европската поддршка со новата ИПАРД 3 програма. Па така во новата ИПАРД 3 програма Северна Македонија на располагање има 97 милиони евра европски средства наменети за модернизација на македонското земјоделство. Дадената доверба од страна на Европската Комисија, за нас е обврска истата да ја оправдаме, креирајќи нова успешна ИПАРД приказна“, истакна министерот Николовски.
Министерот Николовски нагласи дека Република Северна Македонија посветено и одговорно работи во остварување на задолженијата низ поглавјата во пристапните преговори, чекорејќи кон поставената цел, полноправно членство во Европската Унија. Во таа насока, како министерство, овој период работиме на повеќе проекти со цел усогласување на трите области земјоделство, шумарство и водостопанство, со регулативите на Европската Унија.
Заменик главниот преговарач со ЕУ и државна секретарка во Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Дрита Абдиу Халили во своето обрќање нагласи дека Северна Македонија е лидер во регионот што се однесува до искористувањето на фондовите од ИПАРД програмата.
„Горди сме што го потпишавме Финансискиот договор за Програмата ИПАРД 3 на почетокот на октомври. Покрај тоа, реализацијата на ИПАРД 2 Програмата е над 98%. Ова ни дава поттик и надеж дека ќе имаме 100% реализација на ИПАРД 3 Програмата, бидејќи првиот јавен повик е веќе објавен, со што Северна Македонија ќе биде првата земја во регионот која ќе започне со спроведувањето на новиот ИПАРД програмски период“, истакна заменик главниот преговарач со ЕУ и државна секретарка во Секретаријатот за европски прашања Абдиу-Халили.
Како министерство го инициравме пилотирањето на проектот за реорганизација на држвната администрација во делот на земјоделството. Понатаму, активно работиме во насока за поголема транспарентонст во делот на управувањето со земјоделското земјиште, зајакнувајќи ги надлежностите на инспекторатот и разгледувајќи ја можноста за создавање на Агенција која ќе управува со земјоделското земјиште. Активно работиме во зголемување на капацитетот на Платежната агенција, преку проект на Светската Банка, креирајќи информациски систем за регистар на земјоделското земјиште, како и јасен систем за мерење на ефектите од финасиската поддршка која се дава во земјоделството.
Подготвени и во собраниска процедура се законот за пренос на системите и вработените во Платежната агенција, како и законот за советодавни услуги во земјоделството. До крајот на оваа година ќе биде подготвен предлог законот за земјоделство, рурален развој и заедничко уредување на пазарате, потоа закон за вино, закон за органско производство и закон за рибарство, целосно усогласени со регулативите на ЕУ, задача на која работната група активно работи овој период.
Секоја мерка и политика која министерството ја креира, овие години, била донесена во директна координација со земјоделците, преку постојаните подсекторски групи на министерството. Вака креираните мерки секогаш давале позитивни резултати.
Освен Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кое е институција носител за ова поглавје, македонската делегација ја сочинуваат и претставници од: Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Државниот инспекторат за земјоделство, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државна комисија за спречување на корупцијата како и Секретаријатот за европски прашања.
Утре и задутре продолжува билатералниот скрининг за Поглавје 11, на кој ќе се презентира каков напредок имаме постигнато и што правиме за зајакнување на земјоделскиот пазар во нашата држава.
Одлука
Јавен оглас
Во Брисел започна објаснувачкиот скрининг за Кластер 5, „Ресурси, земјоделство и кохезија“
Според скрининг агендата, почнувајќи од денес па сè до 20-ти јули, во Брисел, македонската делегација, заедно со албанската, ќе го следи објаснувачкиот скрининг за Кластер 5, „Ресурси, земјоделство и кохезија“.
Се работи за многу важен и обемен кластер кој регулира 5 Поглавја поврзани со економскиот развој на земјата како што се: земјоделство и рурален развој, безбедност на храната, ветерина и фитосанитарна политика, рибарство, регионална политика и координација на структурните инструменти, како и финансиските и буџетски одредби.
Во текот на овие четири дена од објаснувачкиот скрининг за Кластер 5, експерти на Европската комисија ќе ги презентираат пред делегациите на Северна Македонија и Албанија новите директиви и регулативи од легислативата на ЕУ донесени после 2018 година, а нашата делегација треба да ја посочи временската рамка, во која се очекува земјата да ја усвои и вметне новата легислатива во националното законодавство.
Северна Македонија досега го заврши билатералниот и објаснувачки скрининг за 4 Кластери, или вкупно 26 Поглавја и 3 области. Останува до ноември оваа година да го комплетираме и билатералниот скрининг за последните два Кластери, односно да завршат скрининг состаноците и за преостанатите 7 поглавја Кластерите „Ресурси, земјоделство и кохезија“ и „Надворешни односи“.
Денеска со почеток во 11.00 часот, во просториите на Државниот инспекторат за земјоделство се одржа првата крводарителска акција, која има тендеција да стане традиција во инспекторатот и за во наредните години.
И покрај извршувањето на секојдневни работни обврски, учество во акциите за доброволно дарување на крв зедоа повеќе вработени, меѓу кој беше и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Јане Станкоски, покажувајќи ја својата хуманост и желбата да се дарува крв за да се спаси живот.
Со силни пораки вработените ги мотивираа своите колеги масовно да се вклучат во следните акции. Државниот инспекторат за земјоделство и во иднина ќе продолжи да биде општествено одговорна институција која ќе учествува во повеќе крводарителски акции и хуманитарни настани.
Галерија



