Во рамките на ЕУ IPA Твининг проектот „Подобрување на административните и оперативните капацитети на надлежните органи за заштита на растенијата“, кој се спроведува во соработка со надлежните фитосанитарни служби од Италија и Грција, на 3-ти и 4-ти ноември 2022 година во Државниот инспекторат за земјоделство беше одржана обука на тема „Начин на спроведување на инспекциски контроли на дрвен материјал за пакување и оператори кои спроведуваат топлотен третман на дрвен материјал за пакување“ од страна на  експерти од фитосанитарната област од Италија и Грција: Орацио Корбо и Ираклис Бурбуракис.
На наведените обуки земаа учество државните фитосанитарни инспектори од внатрешноста на државата и од граничните премини, како и претставници од Фитосанитарната управа. Обуката беше реализирана  преку  спроведување на теортски предавања, како и практично спроведување на инспекциски контроли кај оператори кои вршат топлотен третман на дрвен материјал за пакување, како и контрола на дрвен материјал за пакување кај увозници на земјоделски производи

Галерија

Потпишување на договори за поврзување на платформата за интероперабилност во функција на системот е-инспектор

Во насока на реализирање на приоритетните цели на Владата на Република Северна Македонија, борбата против корупцијата и дигитализацијата на општеството, денес, на 26.10.2022 година, Инспекцискиот совет во улога на координатор на посредните корисници потпиша поединечни договори со посредните корисници (13 инспекциски служби) за користење на единствен комуникациски клиент за поврзување на единствената околина, и тоа со: Државен инспекторат за животна средина, Државен просветен инспекторат, Државен санитарен и здравствен инспекторат, Државен инспекторат за шумарство и ловство, Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, Државен инспекторат за транспорт, Државен комунален инспекторат, Државен инспекторат за локална самоуправа, Државен технички инспекторат, Државен девизен инспекторат, Државен инспекторат за земјоделство, Инспекторат за употреба на јазиците и Агенција за храна и ветеринарство.
Предмет на овие договори е уредување на начинот на размена на податоците и документите по електронски пат помеѓу посредените корисници на единствена околина, што ќе овозможи пристап до точни и ажурни информации и податоци, а со цел ефикасно и непречено функционирање на Информацискиот систем за спроведување на инспекцискиот надзор Е – Инспектор, подржан од ЕБОР, во рамки на проектот „Развој на Е-инспектор – проширување на поддршката на реформата на инспекциските служби во Република Северна Македонија“.

На ден 19.10.2022 година во просториите на Државниот инспекторат за земјоделство се одржа  презентација на електронската база на прописи на ЈП Службен весник на РСМ.

Галерија

На ден 18.10.2022 година во НУ Музеј на македонската борба – објект Порта Македонија беше реализирана специјализирана обука за инспекторите од Државниот архив и неговите подрачни одделенија. Темата која беше опфатена на обуката се однесуваше на усогласувањето на Законот за архивски материјал со одредбите од Законот за прекршоци и Законот за инспекциски надзор.

Обуката беше реализирана од страна на д-р Мери Петреска, Виш инспектор и експерт во областа и примената на Законот за прекршоци на покана на Државниот архив, а во соработка со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, м-р Јане Станкоски .

Галерија

О  Б  Ј  А  В  А  бр. 1/2022

Врз основа на член 22, 23, 24, 46, 47, 48 и 49  од  Законот  за  користење  и  располагање  со  стварите во  државна  сопственост  и  со  стварите  во  општинска  сопственост (,,Службен  весник  на Република Македонија“  бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16,  21/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19 и 275/19) , согласно Одлуката на Владата  на  Република  Северна  Македонија бр. 41-5941/1 од 06.09.2022 година објавена во Службен весник на Република Северна Македонија бр. 197/22, Комисијата за продажба на движни  ствари на Државен инспекторат за земјоделство ја дава следнава :

 

О  Б  Ј  А  В  А  бр. 1/2022

за прва продажба на движни  ствари – моторни возила (за старо железо) по  пат  на  електронско јавно  наддавање

 

  1. ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА СО ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронско јавно надавање е продажба на движни ствари, за старо железо, сопственост на Република Северна  Македонија, чиј  корисник е Државен инспекторат за земјоделство, согласно Одлуката на Владата  на  Република  Северна  Македонија за продажба на движни ствари бр. 41-5941/1 од 06.09.2022 година објавена во Службен весник на Република Северна Македонија бр. 197/22.

  1. ПОДАТОЦИ ЗА ДВИЖНИТЕ СТВАРИ – ВОЗИЛА
Ред.Бр. Податоци за возилото Број на шасија Година на набавка
1 Патничко моторно возило, марка КИА, тип: Спортаж 2.0 4W D, регистарска ознака: SK 023 RF KNAJA553585104144 1995
2 Патничко моторно возило, марка: Пежо, тип: 106 Актив, регистарска ознака: SK 339 HT VF31AVJZE52491041 2000
3 Патничко моторно возило, марка: Сеат, тип: Леон 1.9, регистарска ознака: SK 983 RH VSSZZZ1MZ2R015314 2002
4 Патничко моторно возило, марка: Сеат, тип: Толедо 2.0, регистарска ознака: SK 9931 АI VSSZZZILZZD156395 1992
5 Патничко моторно возило, марка: Цитроен, тип: Саксо X 1.5 D, регистарска ознака: SK 9416 AF WF7S0VJZF57367092 2001
6 Патничко моторно возило, марка: Сузуки, тип: Алто 1.0, регистарска ознака: ЅТ 3122 AH MA3EFA11S00119178 1995
7 Патничко моторно возило, марка: Опел, тип: Корса 1.3 CDTI, регистарска ознака: SK 560 OJ W0L0XCF0846144808 2004
8 Патничко моторно возило, марка: Сузуки, тип: Алто 1.0, регистарска ознака: ЅТ 365 VI MA3EFA11SOO111570 1995
9 Патничко моторно возило, марка: Сузуки, тип: Алто 1.0, регистарска ознака: SK 8137 AH MA3FFA11SOO-112075 1995
10 Патничко моторно возило, марка: Застава, тип: Југо Корал 65 1.3, регистарска ознака: SK 3190 AD VX1145A01030094 1993
11 Патничко моторно возило, марка: Мерцедес, тип: 200  Туринг  D,  со  регистарска  ознака: SK 0387 AK WDB1241801FO28624 1989
12 Патничко моторно возило, марка: Опел, тип: Корса 1.3 CDTI, регистарска ознака: SK 7804 AH W0L0XCF0846145893 2004
13 Пловен објект – чамец, марка на чамец: Бојлиндер Капри, марка на мотор: Меркуруисет број на шасија (мотор): 00877188 /
14 Марка на мотор за чамец: Евенруде 60 број на шасија (мотор): 05199347 /
Проценета почетна цена во денари 144.885,00 денари

 

  1. ДАТУМ НА ОДРЖУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

Продажбата ќе  се изврши како една целина, односно како старо железо, на ден 28.10.2022 година во 11:00 часот.

Движните ствари (заклучно со реден број 14 од Табелата) се лоцирани во Скопје на адреса Бул. Илинден – плац на Водостопанство, 1000 Скопје.

Избраното правно или физичко лице има обврска да изврши преземање на движните ствари предмет на јавниот повик од локацијата наведена во точка 3 согласно законските прописи.

Подетални информации можат да се добијат на тел. 02/3121-462 или на 071/411-851 лице за контакт Боби Дрндаревски, е-маил: bobi.drndarevski@diz.gov.mk

Јавното наддавање ќе се  изврши  по  пат на  електронско  јавно  наддавање  на следната интернет страница:  www.e-aukcii.finance.gov.mk.

  1. ПОЧЕТНА ЦЕНА НА ВОЗИЛОТО И ВИСИНА НА БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА

Продажбата на движните ствари ќе се изврши заедно по пат на електронско јавно  наддавање преку електронскиот систем за јавно наддавање со кој управува и оперира Министерството  за финансии – Управа за имотно – правни работи со проценета вредност  согласно Процената од Бирото за судски вештачења бр. CB/ЕL V -166/21 од 31.05.2022 година, во која е проценета вкупната вредност на движните ствари во износ од 144.885,00 денари

Почетната вредност на електронското јавно наддавање претставува вкупната проценета вредност и истата изнесува 144.885,00 денари

Висината на банкарската гаранција за сериозност на понудата изнесува 2% од висината на почетната цена на електронското  јавно  наддавање (144.885,00 денари), односно висината  на гаранцијата  изнесува 2.897,70 денари.

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на  учество  на  електронското  јавно  наддавање имаат  сите  домашни и  странски физички и  правни  лица кои  можат да  се  стекнат со  сопственост на  движни  ствари – моторни  возила на територијата на Република Северна Македонија согласно со закон.

Заинтересираните правни или физички лица можат  да  учествуваат  на  јавното  наддавање само за сите  возила  заедно, односно  јавното  наддавање ќе биде групно за сите  возила наеднаш.

  1. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА  УЧЕСТВО  НА  ЈАВНОТО  НАДДАВАЊЕ

Пријавувањето за  учество  на  јавното  наддавање се   врши  електронски на следната интернет  страница: www.e-aukcii.finance.gov.mk.

Во прилог подносителот треба  да  поднесе:

  1. Банкарска гаранција за сериозност  на понудата во  висина од 2%  од почетната  цена на јавното  наддавање, односно висината  на гаранцијата изнесува 2.897,70 денари. Покрај електронски, банкарската гаранција за сериозност на понудата треба во писмена форма (во оригинал) да се достави  и до архивата на Државниот инспекторат за земјоделство во  затворено  плико  со  назнака  за ,,Комисија  за  продажба на движни  ствари – моторни  возила“, на  адреса  Ул. Бул.Гоце Делчев бр.18 (Зграда на МТВ 13 кат);
  2. За правни лица – тековна состојба од  Централен регистар на Република Северна Македонија, односно соодветен  документ издаден од надлежен орган од земјата каде е регистриран правниот субјект не постара од шест месеци до денот на завршување на објавата;
  3. За странски правни лица – извод од регистрација од соодветен регистар во државата од која доаѓа;
  4. За физички лица – Копија од важечка лична карта или  важечка патна исправа.
  5. Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронско јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничкото име и шифра за пристап на страната e-aukcii.finance.gov.mkна која што ќе се одвива електронското јавно наддавање.
  6. 7. РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

            За учество на јавното наддавање, учесниците се должни електронски да се пријават до истекот на 15-от ден, сметано од денот на објавување на објавата во дневните весници и на интернет страницата, односно заклучно до 25.10.2022 година.

Комисијата на подносителите кои во системот за електронско јавно наддавање се пријавиле со комплет документи во прилог, во рок од 3 дена од истекот на времетраењето на објавата ќе им достави корисничко име и шифра за учество во јавното наддавање, а на подосителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат во јавното наддавање.

  1. БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА

Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.

Банкарската гаранција треба да биде издадена во македонска валута, од банка која што работи и врши банкарски активности во Република Северна Македонија, а времетраењето на банкарската гаранција треба да биде со рок на важност од 60 дена од денот на издавањето.

 

  1. 9. НАЧИН И ПОСТАПКА  ЗА  СПРОВЕДУВАЊЕ  НА ЈАВНОТО  НАДДАВАЊЕ

Јавното наддавање се спроведува во согласност со одредбите од член 26, член 48 и член 49 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и стварите воопштинска сопственост (,,Службен весник на Република Македонија “ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/19 и 275/19).

Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена за продажба на движните ствари – моторни возила и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

Јавното наддавање ќе се одржи и доколку по Објавата се пријавил само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во Објавата и ја наддаде почетната цена. Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат односно зголемуваат цената на возилото. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда. Јавното наддавање продолжува неограничено, се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.

Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на движната ствар се намалува за 2% од проценетата вредност по што учесниците на јавното наддавање повторно имаат можност да ја прифатат односно зголемуваат цената без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда. Доколку во времетраење од 5 минути повторно нема понуда, вредноста на движната ствар повторно се намалува за 2% од првичната проценета вредност.

За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за продажба на движната ствар.

Комисијата по завршување на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.

Учесниците  на јавното  наддавање имаат  право  на приговор само  по  однос  на постапката на  јавното  наддавање. Приговорот се  доставува до  Комисијата во  рок од 3 дена од  денот  на одржувањето  на јавното  наддавање. Комисијата  одлучува по приговорот со  решение во  рок  од 5  дена од приемот на приговорот. Против решението  на Комисијата може  да  се изјави жалба до  Државната  комисија за  одлучување  во  управна постапка и постапка  од  работен однос  во  втор  степен.

Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор е должен да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена за возилото на сметка на Државниот инспекторат за земјоделство, а доколку не ги уплати во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните движни ствари.

Со најповолниот понудувач, во рок од 5 работни дена по извршената уплата на цената на возилото, се склучува Договор за продажба на движните ствари. Договорот во рок од 30 дена купувачот го доставува кај нотар заради вршење на солемнизација. Обврската за трошоци за солемнизација на Договорот паѓа на товар на купувачот.

Оваа објава ќе биде објавена на веб страната на Државниот инспекторат за земјоделство (www.diz.gov.mk).

10. ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА НА КОЈА  ЌЕ  СЕ ОДРЖИ  ЈАВНОТО  НАДДАВАЊЕ

Јавното  наддавање ќе се изврши електронски на следната  интернет  страница:

https://e-aukcii.finance.gov.mk/

Јавното наддавање ќе се одржи на ден 28.10.2022 година во 11:00 часот.

 

 

 

 

На  27 септеври 2022 година во Златибор, Република Србија се одржа регионалната работилница  SEED+ на која активно учество земаа и претставници на Државниот инспекторат за земјоделство. На работилиницата  учествуваа и претставници од  надлежните органи од фитосанитарната област на сите држави членки на CEFTA. Цел на овој состанок беше следење на  активностите на SEED+  Phyto пилот проектот кој започна со имплементација  на 14 јули 2022 година.На состанокот се дискутираше и за динамиката на реализација на првиот дел од проектот, како и дефинирање на идните чекори за наредните фазии од проектот. Со целосната примена на  Traces NT CEFTA IT платформата ќе се овозможи размена на фитосанитарните сертификати и пропратните документи помеѓу надлежните служби и шпедитерите од земјите членки на CEFTA. Со имплементацијата на овој  систем значително ќе се забрза протокот на растенија, растителни производи кои подлежат на фитосанитарна инспекција на граничен премин.  

Галерија

НВО Инфоцентарот заедно со партнерските организации Спектар од Крива Паланка и Центарот на заедницата на општина Струга, на 29 септември (четврток) 2022 година, со почеток во 11 часот, во хотелот Холидејин (сала Скала 2) во Скопје, организираа дебата во рамки на проектот „Локални инспекциски служби во интерес на граѓаните“, посветена на придобивките и предизвиците за локалните инспектори од примената на Законот за инспекциски надзор, донесен во 2019 година на која присуствуваа над 100-тина локални инспектори, раководители на општински инспекциски служби и други лица.
Kако панелисти учествуваат: Благоја Гешоски, Инспекциски совет на РСМ; Нури Бајрами, Државна комисија за спречување на корупцијата; Бобан Бојковски раководител на Секторoт за инспекциски надзор – Куманово; Славица Переска, раководителка на Одделението за инспекциски надзор – Велес; д-р Мери Петреска, Виш инспектор во Државниот инспекторат за земјоделство и Горан Трајчевски, експерт.
На дебатата беа презентирани наодите од анкетата спроведена во периодот од 7 до 21 јуни 2022 година, на која учествуваа 96 општински инспектори и раководители на општински инспекциски служби во врска со примената на новиот Закон за инспекциски надзор.
Инфографиците со клучните резултати на анкетата се достапни на следниов линк: https://www.facebook.com/NVOInfocentar/posts/5774317659287692

Галерија

Корисни информации за употребата, улогата и значењето на листите за проверка

Во рамки на тековниот Проект Е-инспектор – продолжување на поддршката на инспекциските реформи во Северна Македонија, поддржан од Европската банка за обнова и развој, се изработи Анализата за употребата и влијанието на Листите за проверка при спроведувањето на инспекцискиот надзор кај субјектите на надзор. За потребите на Анализата, а со поддршка на стопанските комори во Северна Македонија, се спроведе анонимна анкета врз правни лица (субјекти на надзор), со цел да се испита ефектот од досегашната употреба на листите за проверка. Врз основа на добиените резултати од Анализата Инспекциски совет подготви Корисни информации за употребата, улогата и значењето на листите за проверка.

Корисни информации за употребата, улогата и значењето на листите за проверка.

Долгата винска традиција на земјите од Отворен Балкан преставена преку врвни вина на Саемот „Винска Визија“

 

 

Во рамки на првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, кој во следните четири дена се одржува во Белград под покровителство на Република Северна Македонија, Република Србија и Република Албанија, македонските компании за храна и вино ќе ги презентираат своите производи и традиции.Република Северна Македонија ја претставува својата традиција, обичаи, карактеристичната кујна, музика и фолклор, како и обележјата и вредностите на сите други заедници кои живеат во земјата на првиот меѓународен саем во Белград организиран во рамките на Отворен Балкан. Саемот денеска беше отворен со официјални обраќања од лидерите на Западен Балкан- премиерите на Република Северна Македонија и на Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама и Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

Дел од делегацијата на Република Северна Македонија на Саемот во Белград  предводена од премиерот на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски е и Директорот на Државниот земјоделски инспекторат, Јане Станкоски.

На саемот учествуваат повеќе од 330 изложувачи од 22 земји, а Северна Македонија е претставена со вкупно 42 винарии и 3 дестилерии од нашата држава пред посетителите ќе презентираат повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии. Овој дел од претставувањето го реализира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во рамки на саемот „Винската визија на Отворен Балкан”, од денеска до 4 септември ќе има дегустација на вина, а воедно се одржува и натпреварот „Трофеј на виното на Отворен Балкан“ 2022 година. Саемот е одлична можност за поврзување на винските патишта на Балканот и пред високите гости и посетители како и отворање на нови можности за соработка, за обезбедување поголем извоз, откуп и нови пласмани, што позитивно ќе се рефлектира на развојот на домашната економија.

На Саемот за вино, храна и туризам под слоганот „Вкуси го животот”, нашата земја се претставува со повеќе од десет производители на храна од Северна Македонија кои ќе ги претстават автентичните вкусови на македонската кујна.

Македонската туристичка понуда на Саемот за вино, храна и туризам во Белград, ќе биде претставена преку Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Фокусот е ставен на македонскиот етно-гастро туризам (туризам базиран на вино и храна), националните паркови, природните и вештачките езера, заштитените подрачја од УНЕСКО, руралниот туризам и адреналински туризам.

Како дел од промотивните активности на македонските производи, вината, храната и националните богатства интересни за туристите, претседателот на Владата Димитар Ковачевски утре ќе биде домаќин на „Македонската вечер”, каде ќе присуствуваат претставници на бизнис заедниците и владите од Србија, Албанија и Северна Македонија присутни на Саемот во Белград.

Во рамки на активностите во Белград ќе се одржи и традиционалниот лидерски политички самит на Отворен Балкан предводен од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и премиерот на Албанија, Еди Рама.

Денес во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство м-р Јане Станкоски заедно со Билјана Талеска – Компонентен лидер од земјата корисник од Државниот инспекторат за земјоделство, учествуваа на третиот Управен комитет на ЕУ IPA Твининг проектот „Подобрување на административните и оперативните капацитети на надлежните органи за заштита на растенијата“ каде присуствуваа и претставници од надлежните служби од нашата држава, Италија и Грција. Државниот инспекторат за земјоделство е една од институциите корисници на оваа техничка поддршка, во насока на подобрување на инспекциските контроли од областа на здравјето на растенијата, фитофармацевтски производи, семе и саден материјал на земјоделските растенија