Во рамките на ЕУ IPA Твининг проектот „Подобрување на административните и оперативните капацитети на надлежните органи за заштита на растенијата“, кој се спроведува во соработка со надлежните фитосанитарни служби од Италија и Грција, во периодот од 18 до 21 јули  во просториите на Државниот инспекторат за земјоделство реализирана е мисија од страна на експертот г-ѓа Власта Кнапиќ, словенечки експерт со повеќегодишно искуство во областа на фитосанитарна политика. Целта на мисијата беше изработка на техничкиот дел од Прирачникот за спроведување на фитосанитарна инспекција на пратки од растенија, растителни производи од увоз, во насока на примена на европските практики во секојдневното работење на фитосанитарните инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство.

 Во рамките на ЕУ IPA Твининг проектот „Подобрување на административните и оперативните капацитети на надлежните органи за заштита на растенијата“, кој се спроведува во соработка со надлежните фитосанитарни служби од Италија и Грција, во периодот од 11 до 17 јули  во просториите на Државниот инспекторат за земјоделство реализирана е мисија од страна на двајца експерти од Одделението за фитосанитарна контрола, во рамките на  Министерство за рурален развој и храна на Република Грција г-дин Христос Арампанзиз и Г-ѓа Јоаниду Ставрула.  Целта на мисијата беше ревидирање и дополнување на постоечките Стандардните оперативни процедури за фитосанитарна инспекција и нивно хармонизирање со ЕУ законодавството.

Државниот инспекторат за земјоделство, во рамките на SEED + проектот е една од институциите од земјите членки на ЦЕФТА која е вклучена во новиот заеднички ИТ систем  TRACES NT преку кој ќе се овозможи брза електронска размена на фитосанитарните сертификати и пропратни документи на пратките од свежо овошје и зеленчук кои се дел од трговијата меѓу земјите членки на ЦЕФТА.

Имплементацијата на овој проект започнува со спроведување на фазата на Пилот проект во која ќе бидат вклучени неколку извозници и увозници на свежо овошје и зеленчук, како и шпедициите со кои тие соработуваат. За таа цел во среда 29 јуни во Државниот инспекторат за земјоделство се реализираше Обука на која учествуваа претставници од компаниите увозници и извозници, шпедитерите, како и одреден број на државни фитосанитарни инспектори кои ќе земат учество во реализацијата на Пилот проектот.

Обуката брше одржана од страна на експертите од ИТ компанијата која го разви горенаведениот систем, г-дин Владимир Обучина и г-дин Жељко Џајиќ.

Целта на овој нов ИТ систем е олеснување на трговијата помеѓу земјите членки на ЦЕФТА и намалувањето на времето на задржување на пратките во процесот на адинистративни котроли при увоз и извоз.

Средба меѓу Инспекцискиот совет и Државниот инспекторат за земјоделство, Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот иснпекторат за шумарство и ловство

Во просториите на Инспекцискиот совет, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ одржаа работна средба со в.д. претседателката на Инспекцискиот совет Даниела Рендевска заедно со членот на Инспекциски совет од Областа на земјоделство, шумарство, ветеринарство и безбедност на храната Меџит Јусуфи, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски и в.д. директорот на Државниот иснпекторат за шумарство и ловство Фикри Алити. На средбата се разговараше за тековните проекти кои се спроведуваат во Инспекцискиот совет, со посебен акцент на проектот Е-инспектор, којшто е финансиран од EBRD.

В.д. претседателката ги информираше присутните за новиот проект финансиран од USAID, кој ќе се спроведува во наредните три месеци, чија главна цел е анализа на спроведувањето на Законот за инспекциски надзор.

На средбата се разменија информации за предизвиците со кои се соочуваат инспекциските служби и се заклучи дека досегашната соработка ќе продолжи и во иднина.

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ со апел до производителите на зелка:
Јавно ги повикува сите производители на пролетната зелка, доколку евентуално им се издаваат од било кој откупувач несодветни откупни ( кантарни белешки ), односно да им се откупува зелката по една цена, а во откупната белешка да им се наведува друга цена, да достават докази  до Државниот инспекторат за земјоделство, како и до инспектурите од регионите на Струмица и Гевгелија