Реализиран консултативниот час за Модул 1 закон за инспекциски надзор

На 9-ти март во просториите на Инспекцискиот совет, постапувајки по протоколите за заштита од пандемија, во две групи, се реализираше консултативниот час за кандидатите за инспектори чија тематика опфаќаше презентации и дискусии од Модул 1 – Закон за инспекциски надзор. Обучувачите г-ѓа Грозданка Тилева од Државниот инспекторат за труд и г-ѓа Силвана Трбогазова од Државниот инспекторат за земјоделство, преку своето долгогодишно искуство преку примери од праксата, им овозможија на кандидатите поблиску да се запознаат со одредбите од Законот за инспекциски надзор.  

Галерија

При активности за откривање и спречување незаконит риболов, полицијата одзела над 100 парчиња охридска пастрмка незаконски уловена во Охридското Езеро.

Имено, спроти „Свети Стефан“, на околу 1000 метри од брегот на езерото, полицијата пронашла рибарска мрежа со улов од 119 парчиња риба охридска пастрмка, со вкупна тежина од 45.5 килограми, соопшти МВР.

Рибите и мрежата биле подигнати од местото и однесени во Полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро за натамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ заедно со лозарите и винарниците го прославуви големиот празник, Свети Трифун заштитникот на грозјето и виното.

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ заедно со лозарите и винарниците го прославуви големиот празник, Свети Трифун заштитникот на грозјето и виното.

„Грижата за земјоделците и конкретно за лозарите е постојана – затоа резултатите се видливи и претставуваат дополнителна мотивација. И покрај економската криза, во текот на 2021 година регистрирано е зголемено откупување на грозје кај регистрираните откупувачи, а исто така зголемен е и извозот на вино од нашата земја којашто достигна ниво од 49 милиони евра во минатата година“, рече Ковачевски при закројувањето на лозјето во село Трстеник, во придружба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и подвлече дека Владината долгорочна стратегија за обезбедување сигурно производство и откуп на грозјето ја надмина долгогодишната неизвесност на лозарите и обезбеди поволен амбиент за стопанисување и за лозарите и за винариите.

Честитајќи го денешниот празник на лозарите и посакувајќи успешна година и за лозарите и винарите, Ковачевски посочи дека Владата, со динамично темпо ги исполнува ветувањата кон земјоделците и лозарите за што има видливи резултати.

Лозарите уште на почетокот на новата лозарска година, исто како и лани ги добија субвенциите за поддршка, и го стартуваат новиот циклус со средства кои ќе им помогнат успешно да ја затворат годината. Тој додаде дека во оваа насока од голема помош е и зголемувањето на поддршката со цел анулирање на зголемените трошоци за нафта, како и мерките од ИПАРД Програмата, кои обезбедуваат инвестиции за изградба на винарници, набавка на опрема и други потребни средства за модернизирање и развој на оваа гранка.„Во таа насока е и поддршката за микро винарниците. Сега, тие имаат можност да аплицираат за грантови во висина од 10.000 евра за опрема и консултантски услуги на енолози, за поефикасно работење и пласман на поквалитетни производи“, истакна Ковачевски, кој ја посети винарницата „Гоце Делчев“, а потоа ќе ги посети и Кавадарци и Демир Капијa.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, потенцираше дека во однос на субвенциите исплатени се над 9,4 милиони евра субвенции за лозови насади на 13.854 лозари, а од 2017 година, за поддршка на лозарите за мерката за исплата по површина се исплатени околу 45 милиони евра.„Секогаш кога имаше потреба, кога лозарите се соочува со проблеми, помагавме со дополнителни мерки, исто како што помогнавме и во здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД пандемијата. Вкупно за 4 години за дополнителни мерки и преку КОВИД – програмата за поддршка на лозарите исплативме над 16 милиони евра“, подвлече Николовски кој оцени дека со Владината поддршка се  реши еден долгогодишен проблем на лозарите враќајќи ги парите кај лозарите што им ги должеа дел од винарниците, за да можат повторно да инвестираат во

Диржавниот инспекторат за земјоделство, останува да бидеме верен партнер на лозарите и винарниците, и продолжува со мерките и стимулациите за производство на квалитетно вино на пазарот, за што поголема промоција на квалитетното вино од нашата земја и зголемување на извозот.

Започна откупот на тутунот во сите 173 пунктови, просечна цена од 181,6 денари за килограм тутун

 

Денеска официјално започна откупот на тутунот. Сите 8 откупувачи отворија 173  пункта. Откупени се 2050 тони по просечна цена од 181,6 денари за килограм тутун.

Според Зоран Шапуриќ, директор на Државниот земјоделски инспекторат, динамиката е добра и просечната откупна цена е реална.

“Тутунот се откупува со добра динамика. Отворени се сите 173 пунктови во земјава и тутунот го купуваат 8 откупни претпријатија. Досега нема никакви проблеми. Конкретно до вчера се откупени 2050 тони по просечна цена од 181,6 денари. Денеска е и последниот рок или официјалниот старт на откупот и сите ги отворија пунктовите. Просечната цена полека се зголемува. Само за пример, вчера се откупени 600 тони по цена од 185 денари. Инспекторатот е постојано на теренот и ја следи откупната кампања” – изјави Шапуриќ.

Игор Мирчески, координатор на четирите новоформирани тутунски здруженија, смета дека не е постигната реалната проценка на родот којшто е квалитетен. Тутунарите очекуваат повисока цена.

“Апелираме до инспекторатот будно да ја следи ситуацијата со откупот, а поверениците активно да учествуваат при проценката на вагите, а не да бидат декор” – рече Мирчески.

Известување

Почитувани

Државниот инспекторат за земјоделство направи надградба на постоечкиот Систем за Фитосанитарна инспекција каде ќе можете електронски да ги поднесувате Пријавите за фитосанитарна инспекција при увоз, извоз, ре-експорт и транзит, како и Барањата за издавање на фитосанитарен сертификат за извоз и ре-експорт.

Овој систем  ќе започне задолжително да се применува од 20.12.2021 година и сите Пријави и Барања ќе може да ги поднесувате електронски исклучиво преку овој систем на веб страната на Државниот инспекторат за земјоделство на следнот линк https://diz.gov.mk/e-uslugi/fitosanitarni/ .

 

Почна откупот на тутунот, тутунарите очекуваат добра цена поради квалитетниот род

Почна откупот на тутунот од годинашната реколта. До денеска се отворени 20 од 173 откупни пункта во државата. Пунктови отворија Прилепскиот тутунски комбинат, „Сокотаб“ од Битола и „Алијанса“ од Кавадарци. Годинава се склучени договори за околу 22.200 тони тутун.

Тутунарите очекуваат добра цена бидејќи велат дека тутунот е квалитетен.

Проценителите на вагите во Прилепскиот тутунски комбинат потврдуваат дека тутунот е поквалитетен и се надеваат дека и производителите ќе бидат задоволни.

Според директорот на Земјоделскиот инспекторат Зоран Шапуриќ, сите компании треба да ги отворат пунктовите до 15 декември.

– Откупот почна на 20 од вкупно 173 откупни пункта во земјава. Од осумте компании уште една деновиве треба да достави гаранција за исплата. За годинашнава реколта се потпишани договори за околу 22.300 тони тутун. Родот е квалитетен. Очекуваме добар тек на откупот, а инспекторатот секако ќе биде на терен да ја следи откупната кампања, изјави Шапуриќ.

Откупот официјално трае до 31 март наредната година.

Шапуриќ: Oткупот на тутунот ќе отпочне помеѓу 5 ти и 10 декември, досега 5 откупувачи обезбедиле финансиски средства за откуп

 

Согласно Законот за тутун откупот на тутун започнува најдоцна до 15 декември. Според најавите на регистрираните откупувачи на тутун откупот на тутунот ќе отпочне помеѓу 5 ти и 10 декемеври, информира директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ.

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ, изјави дека од осумте регистрирани откупувачи досега 5 откупувачи обезбедиле финансиски средства за откуп на договорените количини на тутун.

-Ова е констатирано од увидите во исполнетост на условите на откупувачите. Останатите треба да го направат до 15 ти декември. Вкупно се регистрирани 173 откупни пунктови во државата. Се врши контрола на овие откупни пунктови и досега се извршени контроли на повеќе од половина пунктови. Минатата недела е извршена верификација на мостри во простории на Институтот за тутун во Прилеп од надлежната комисија согласно Законот за тутун. Годинава се очекува да биде повисока просечна цена од минатата година со оглед на најавите дека квалитетот на тутунот е подобар од лани. ДИЗ за време на откупот постојано ќе биде присутен на терен и ќе врши надзор согласно законот – изјави Шапуриќ.

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ учествував на работниот состанок во рамките на иницијативата” Отворен Балкан ” како дел од делегацијата на Република Северна Македонија

Од 12 ти до 14 ноември во Ниш, Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ учествував на работниот состанок во рамките на иницијативата” Отворен Балкан ” како дел од делегацијата на Република Северна Македонија. На состанокот учествуваа и делегациите на Србија и Албанија.

На состанокот се работеше на подготовка на сите предуслови за ефикасна имплементација на договорите кои ја трасираат целта нашиот регион да стане поврзан, заеднички и отворен пазар.Утврдени се чекорите со кои преку иницијативата „Отворен Балкан“ веќе од наредната година ќе се овозможи слободен пристап до пазарот на труд и поврзување без граници.

На состанокот беа разгледани првите нацрт решенија за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоките на Западен Балкан, како и за слободен пристап до пазарот на труд со креирање на „Open Balkan ID“ со што на граѓаните од целиот регион им се отвораат бројни поволности.

Галерија

Целосно е откупена годинашната реколта на грозје

 

Годинава се откупени, заклучно со 20 ти октомври, 79,2 милиони килограми винско грозје. Сопствена берба на винариите изнесува вкупно 21,8 милиони килограми винско грозје, а извозот на винското грозје е 3, 4 милиони килограми. Севкупната количина изнесува 104,4 милиони килограми грозје, вели за весникот ВЕЧЕР директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ.

Тој потенцира дека останува многу мал дел од т.н доцна берба за која се проценува дека ќе изнесува максимум околу 400 илјади килограми грозје, со што вкупната евидентирана реколта ќе биде околу 105 милиони килограми грозје, со што може да се констатира дека не остана неоткупено грозје. Од оваа вкупна количина на грозје  сортата Вранец е застаспена 42, 2 милиони килограми, а сортата Смедеревка со 31,5 милиони килограми. Останатите количини отпаѓааат на другите сорти на грозје. Просечната откупна цена на вранецот е 12,05 денари, а на смедеревката е 9.99 денари.

 

Во Охрид, Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, заедно со вработените во Државниот инспекторат за земјоделство имаше повеќе работни состаноци со командирот на Езерската полиција при МВР, како и со претставници на Регионалниот центар за гранично управување запад при МВР. Заеднички е констатирано дека соработката помеѓу Државниот инспекторат за земјоделство со МВР Езерската полиција и Регионалниот центар за гранично управување Запад е на одлично ниво. Ова резултираше со низа успешни заеднички активности во спречување на криволов во водите на Охридското езеро.  

Галерија