Државниот инспекторат за земјоделство: Тутунарите да не прифаќаат усни најави, откупувачите да испратат писмени анекси за зголемени откупни цени на тутунот

Тутунарите да прфаќаат само официјални анекси за зголемување на цената на тутунот, да не подлегнуваат на усни најави од откупувачите и секоја неправилност или евентуална злоупотреба да ја пријават, порачува Државниот земјоделски инспекторат кој постојано е на терен при откупот на тутунот од ланската реколта.

Според директорот на Инспекторатот, Јане Станкоски, откупот ја нема посакуваната динамика. Досега се откупени скоро 9 000 тони тутун по просечна цена од 330 денари за килограм. Само една од 10-те откупни компании со анекс официјално ја зголемила цената на 365 денари.

Инспекторатот ги повикува компаниите да ги потпишат анексите и да се заокружи откупот што официјално трае до крајот на овој месец.

-Досега се откупени близу 9 000 тони тутун. До нас нема стигнато официјален приговор за неправилности. Има пријава до Инспекцискиот совет, но од анонимен тутунар дека една откупна фирма понудила анекс, но ние тој анекс не можеме да го видиме. И се е на збор, а на тоа не може да дејствуваме. Тутунарите официјално нека пријавуват, не мора ситуацијата да биде за Инспекторатот, туку и за други институции, на пример полицијата за лажни ветувања и доведување во заблуда. На откупувачите им порачуваме да ги склучат тие анекси и да заврши откупот на тутунот. Само една фирма склучи анекс за зголемување на цената на 365 денари. Значи мое да се зголеми. Од почетокот на откупот немаше дебата, комуикација меѓу откупувачите и тутунарите, изјави Јане Станкоски, директор на Државниот земјоделски инспекторат.

Станкоски е категоричен дека нема да се дозволи каква било манипулација со тутунарите.

-Нема да дозволиме да се манипулира со тутунарите. Тутунопроизводството е значајна индустриско-земјоделска гранка, влијае и на девизниот прилив во земјава. Нашите подрачни канцеларии во земјава е отворени и сите тутунари може да се обратат во секој момент, вели Станкоски.

Ваквата ситуација може да влијае на новото тутунопроизводство. И Инспекторатот и тутунарите се гласни за измени во Ѕаконот за тутун.

-Со оглед на ситуацијата, тоа може да влијае на новото тутунопроизводство. Затоа мора да има законски измени и за процесот на производство, преработка, за цените и правата на тутунарите. Но за тоа е потребно да се седне на заедничка маса, првенствено на производителите и откупувачите. Можеби таква можност ќе има во април кога е Конкресот на тутунарите и тутунопроизводството, вели јане Станкоски, директор на Државниот земјоделки инспекторат.

Официјално, откупот на тутунот законски ќе трае до крајот на февруари. Ланската реколта се проценува на 13 000 до 15 000 тони што е преполовување на производството.

Државен инспекторат за земјоделство: Бавно тече откупот на тутунот, потребни се законски измени

 

Од почетокот на откупната кампања се преземени над 6 000 тони тутун по цена од 330 денари за килограм. Тоа е малку и откупот се одвива бавно, констатираат од Државниот инспекторат за земјоделство.

-Досега се откупени преку 6 000 тони тутун.  Нема пријавено некои неправилности. Има некакви дојави, но немаме официјална пријава. Но, на теренот сѐ ќе провериме.

Откупот се одвива со бавно темпо, но ќе видиме.

Сакам да ги повикам откупните компании да го следат примерот на Владата  која најави зголемување на субвенциите за над 25 отсто, така што да го направат тој чекор поскоро и да заврши оваа голгота на тутунопроизводителите и да почнат што поскоро да се подготвуваат за новата, годинашнава реколта тутун, вели Јане Станкоски, директор на Државниот инспекторат за земјоделство.

Годинашната реколта се проценува од 13. 000 до 15. 000 тони што е речиси половина од претходните години.

Станкоски смета дека се неопходни измени во Законот за тутун за регулирање на производството и преработката, како и за правата на тутунарите.

– Законот е стар неколку години, сега има нови моменти во производството и во преработката, време е да се преговара за нови правила во процесот.

Тутунопроизводството е многу значајна и индустриска и гранка во земјоделското производство. Затоа мислам дека од компаниите треба да има посериозен пристап.

Има одредби во законот кои се покажаа проблематични, како во класите на тутун, така и во договарањето на цените, заштитата на тутунарите, нивните права.

Сето тоа бара поширока дебата на заинтересираните страни, смета Станкоски. Бавниот процес на откупот на тутунот е најизразен во Прилепскиот регион, кој е и најголем производствен на тутун.

Законскиот рок за откуп е до крајот на февруари.

Станкоски во одбрана на тутунарите

 

За една недела од официјалниот почеток на откупната кампања, само 500 тони тутун се преземени по цена од 300 денари за килограм. Откупот не добил на интензитет и се очекува тоа да биде по Нова година. Почетокот го следеа досега незапаметени состојби – отворени, но празни откупни пунктови, а потоа дел тутунари се жалеа дека откупувачите не им го преземаат родот.

-Сите регистрирани 263 пункта во земјава се отворени со 280 ваги од официјалниот почеток на откупната кампања на 15 декември. Досега се откупени преку 500 тони и за откупната сезона сепак е малку, изјави Јане Станкоски, директор на Државниот земјоделски инспекторат.

До Инспекторатот досега нема стигнато ниту една официјална поплака за неправилности. Но оттаму им порачуваат на откупувачите да не ги условуваат тутунарите дека ќе им доплатат ако и другите компании ги зголемат цените. Тоа може откупувачите да го сторат без условување.

-Одредени откупни компании имаат истакнато некое известување дека доколку се зголемиле цените, и тие ќе им до плателе. Сметам дека сакаат тутунарите да ги доведат во заблуда. Во Законот за тутун се вели дека има можност да се зголемат цените доколку има некои вонредни или неочекувани ситуации во текот на производството и на откупот. Со официјален анекс се решава и може да се зголемат цените по класи. Тоа што го истакнуваат некои фирми е небулоза. Тоа е и малициозно однесување спрема тутунарите. Да бидат сериозни и може да ги зголемат цените по класи. Апелирам тутунарите да не подлегнуваат на такви дејанија, рече Станкоски.

Годинава се склучени околу 30 000 договори за преку 26 000 тони тутун, но родот е преполовен. Се очекуваат од 13 000 до 15 000 тони тутун. Интензитетот на откупот се очекува по Нова година.