Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, денеска во спортската сала “Борис Трајковски“ имаше прва средба со лозарите и претставници на винарниците пред почеток на сезоната со цел навремено информирање и заеднички активности за успешна година.

Државниот инспекторат за земјоделство имаше мошне значајна улога во реализација на Ковид подршката за лозарството.По успешното менаџирање на кризата во лозарството и винската индустрија од минатата година,  оваа година ќе почнеме со активности уште пред почетокот на сезоната. За таа цел, од денеска веќе почнуваме разговори со лозарите и винарниците, со фокус на стратешкиот пристап во надминување на сите предизвици оваа година.

Да се предвидидат условите, да ја процени и определи заеднички количината на произведено грозје, со цел да не се создава вишок а со тоа да имаме регулиран откуп.На денешниот состанок е договоривме со винарниците да направат реална проценка за која ќе не информираат на следната средба.

Ваквата  вклученост и партнерски однос на инспекторатот е решение за добри и позитивни резултати . Продолжуваме заеднички да се соочуваме со сите предизвици преку постојано комуницирање и одржување на конструктивни средби.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy