Во периодот од 26.06 до 30.06. 2023 во рамките на тековниот Твининг проект МК 19 ИПА АГ 01 21 „Подобрување на административните и оперативните капацитети на службите за заштита на растенијата“ кој се реализира во соработка со надлежните служби од Република Италија и Република Грција беше реализирана студиска посета во Грција. На студиската посета земаа учество повеќе претставници од надлежните служби од нашата држава, меѓу кој и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, м-р Јане Станкоски.
Целта на студиската посета беше да се стекне практично знаење и искуство во однос на процедурите и нивно спроведување во областа на здравјето на растенијата и официјалните контроли согласно режимот за здравје на растенијата и официјалните контроли во земја членка на ЕУ – Грција. За време на посетата практично беше презентиран и концептотот на интегрална заштита на растенијата и примената на системот за одржлива употреба на пестициди, со посeбен акцент на примена на нови непестицидни алтернативни методи за борба со штетните организми.
Студиската посета беше одлична можност да се воспостави и да се зајакне соработката помеѓу фитосанитарните служби помеѓу Грција и Северна Македонија и да се надминат сите отворени прашањата кои се однесуваат на трговијата односно фитосанитарните барања при увоз и извоз помеѓу двете земји. Исто така, студиската можност беше можност да се покренат нови иницијативи за идна соработка помеѓу двете земји. Студиската посета вклучи серија на меѓу кои граничните фитосанитарни служби во Атина, пристаништето Пиреус, посета на компанија за производство на расад од зеленчукови растенија, посета на голем број на производители на земјоделски производи (јаболка, киви, цреши, домати, праски), како и задруги за производство, доработка и продажба на свежо овошје и зеленчук во регионите Атика, Тесалија и околината на Солун.
No comment yet, add your voice below!