Државниот инспекторат за земјоделство остро ги демантира написите во медиумот Радио Слободна Европа во кои стои дека:

„Според државниот земјоделски инспекторат  (ДИЗ), главниот проблем што се уште се регистрираат одредени пестициди во домашни производи кои се извезуваат, е во тоа што нашето законодавство се уште не е во целост усогласено со европското.

Најспорниот пестицид, хлорпирифос, во Европската Унија е забранет од април 2020 година, но во Северна Македонија, според Инспекторатот, се уште трае преодниот период за трошење на неговите залихи, иако според европските закони и тој период е изминат.“

Должни сме на јавноста да и објасниме дека дека употребата на активната супстанца chlorpyrifos во земјоделско производство согласно законодавството во ЕУ е целосно забранета од април 2020 година. Нашата држава иако има хармонизирано национално законодавство со законодавството на ЕУ, сепак ЕУ законодавството не е директно применливо кај нас. Предвидено е преземање на одредени административни постапки за чие спроведување потребен е извесен временски период. По добивање на информацијата за забраната за употреба во ЕУ согласно националното законодавство се издава преоден период за трошење на залихите од тие пестициди во времетраење од 18 месеци (12 месеци за продажба и 6 месеци за употреба на истите) за  оние количини кои веќе се наоѓаат во нашата држава. Процедурата за уништувањето на истите претставува голем проблем како за нашата држава, така и за останатите земји.

Пестицидите кои ја содржат оваа активна супстанца веќе не можат да се најдат во продажба, но индивидуалните земјоделските производители можно е сеуште да имаат на располагање од претходно набавените пестициди и истите да ги користат во заштитата на своите насади.

Ја користиме оваа прилика да Ве информираме дека во насока на следење на начинот на работата на земјоделските производители кои ги произвеле наведените земјоделски производи, истите  ќе бидат предмет на интензивни инспекциски надзори во текот на наредните години во однос на правилна употреба на пестициди, што е пракса и за останатите пратки со утврдени неправилности.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

I accept the Privacy Policy