Во изјава за МРТ 1, в.д. Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Ивица Ангеловски го сподели своето видување за моменталната состојба со појавата на рани пролетни мразеви и ризикот од измрзнување на овошните насади. Оваа пролет се одликува со изразени температурни осцилации – просечни дневни температури и студени ноќи, што создава услови за појава на слаби, но опасни мразеви. Иако нема најави за екстремни и долготрајни студени бранови, сепак краткотрајните ноќни заладувања се доволни за да предизвикаат проблеми на одредени локалитети во државата. Според Ангеловски, ризикот е особено изразен кај раноцветните овошни видови како кајсијата, праската и бадемот, кои во моментов се наоѓаат во најчувствителната фаза цветање. Како навремена превенција од мразеви се препорачува задолжителна примена на агротехнички мерки во насадите, вклучувајќи наводнување, избор на отпорни сорти за одгледување и користење на биостимулатори за одложување на вегетацискиот циклус.  

Галерија

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

I accept the Privacy Policy