Во просториите на Инспекцискиот совет, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ одржаа работна средба со в.д. претседателката на Инспекцискиот совет Даниела Рендевска заедно со членот на Инспекциски совет од Областа на земјоделство, шумарство, ветеринарство и безбедност на храната Меџит Јусуфи, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски и в.д. директорот на Државниот иснпекторат за шумарство и ловство Фикри Алити. На средбата се разговараше за тековните проекти кои се спроведуваат во Инспекцискиот совет, со посебен акцент на проектот Е-инспектор, којшто е финансиран од EBRD.
В.д. претседателката ги информираше присутните за новиот проект финансиран од USAID, кој ќе се спроведува во наредните три месеци, чија главна цел е анализа на спроведувањето на Законот за инспекциски надзор.
На средбата се разменија информации за предизвиците со кои се соочуваат инспекциските служби и се заклучи дека досегашната соработка ќе продолжи и во иднина.
No comment yet, add your voice below!