Државниот инспекторат за земјоделство, во рамките на SEED + проектот е една од институциите од земјите членки на ЦЕФТА која е вклучена во новиот заеднички ИТ систем TRACES NT преку кој ќе се овозможи брза електронска размена на фитосанитарните сертификати и пропратни документи на пратките од свежо овошје и зеленчук кои се дел од трговијата меѓу земјите членки на ЦЕФТА.
Имплементацијата на овој проект започнува со спроведување на фазата на Пилот проект во која ќе бидат вклучени неколку извозници и увозници на свежо овошје и зеленчук, како и шпедициите со кои тие соработуваат. За таа цел во среда 29 јуни во Државниот инспекторат за земјоделство се реализираше Обука на која учествуваа претставници од компаниите увозници и извозници, шпедитерите, како и одреден број на државни фитосанитарни инспектори кои ќе земат учество во реализацијата на Пилот проектот.
Обуката брше одржана од страна на експертите од ИТ компанијата која го разви горенаведениот систем, г-дин Владимир Обучина и г-дин Жељко Џајиќ.
Целта на овој нов ИТ систем е олеснување на трговијата помеѓу земјите членки на ЦЕФТА и намалувањето на времето на задржување на пратките во процесот на адинистративни котроли при увоз и извоз.
No comment yet, add your voice below!