На 27 септеври 2022 година во Златибор, Република Србија се одржа регионалната работилница SEED+ на која активно учество земаа и претставници на Државниот инспекторат за земјоделство. На работилиницата учествуваа и претставници од надлежните органи од фитосанитарната област на сите држави членки на CEFTA.
Цел на овој состанок беше следење на активностите на SEED+ Phyto пилот проектот кој започна со имплементација на 14 јули 2022 година.На состанокот се дискутираше и за динамиката на реализација на првиот дел од проектот, како и дефинирање на идните чекори за наредните фазии од проектот.
Со целосната примена на Traces NT CEFTA IT платформата ќе се овозможи размена на фитосанитарните сертификати и пропратните документи помеѓу надлежните служби и шпедитерите од земјите членки на CEFTA.
Со имплементацијата на овој систем значително ќе се забрза протокот на растенија, растителни производи кои подлежат на фитосанитарна инспекција на граничен премин.
No comment yet, add your voice below!