Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Јане Станкоски, заедно со претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачески и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во Прилеп имаа средба со дел од земјоделците производители на тутун и го посетија откупниот пункт за тутун во рамки на Тутунскиот комбинат во Прилеп. Согласно податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, оваа година како што изјави премиерот Ковачевски, откупот на тутунот започнува со зголемена откупна цена над 30% споредено со минатата година. Пораст има и во делот на склучени договори за откуп и планирани количини за откуп на тутун.
Според официјалните податоци од Државниот инспекторат за земјоделство, со задоволство можам да кажам, дека оваа година откупот на тутун започнува со позитивни податоци: повисока откупна цена, повеќе склучени договори, поголемо планирано количество за откуп, подобар квалитет на тутунот.
Годинава откупот на тутунот стартува со над 30% повисока цена споредено со лани. Односно откупната цена за килограм тутун е 261 денари, за разлика од лани кога била 200 денари за килограм. Ова се историски највисоки откупни цени за тутунот во последните 10 години! Ќе кажам еден податок што ја потврдува мојата констатација – а тоа е дека од 2014 година до денес откупната цена на тутунот е зголемена за 115,7 %.
Пораст има и кај бројот на склучени договори. За реколта 2022 година склучени се 29.653 договори што е за 7% повеќе од минатата година кога биле склучени 27.712 договори. Оваа година се очекува да се откупи околу 21.000 тони тутун што е за над 10 % повеќе од лани кога се откупиле 18.600 тутун. Имаме тутун со подобар квалитет во однос на минатата година.
Овие стартни податоци ветуваат успешен откуп на тутунот, што крајно значи бенефит и за државата и за тутунопроизводителите да продолжат да вложуваат во производството, да придонесуваат за развојот на оваа земјоделска гранка.
Ваквите бројки се доказ дека мерките кои што оваа Влада ги презема за тутунопроизводството, даваат позитивни резултати.
Тутунот е наша традиционална но и извозно ориентирана земјоделска гранка која носи годишен девизен прилив од над 120 милиони евра. Околу 20.000 семејства егзистираат од оваа гранка, и затоа секоја преземена мерка е во интерес на тутунопроизводителите, да имаат стабилно и одржливо производство.
За прв пат оваа Влада донесе нов модел за зголемени субвенции за тутунот според кој субвенцијата за прва класа е 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи. Со тоа ги мотивиравме тутунарите да произведат повеќе и поквалитетен тутун, за да остварат повисока субвенција.
Паралелно со новиот модел за субвенции, се донесе и нов Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, со кој што се решија сите отворени прашања кои го оптоваруваа производството и откупот на тутун.
За прв пат, се донесе „Национален план за производство на храна“, кој содржи конкретни мерки за поддршка на овој важен сектор во време на криза и планот веќе се реализира. Планот содржи Интервентна програма во вредност од 900 милиони денари и конкретни мерки за зголемено производство на основни прехранбени производи, за увозна независност, мерки со кои ги поттикнуваме земјоделците максимално да ги искористат сите ресурси, секоја педа обработливо земјоделско земјиште во државата.
За прв пат ресорното министерство подготви нов модел за распределба на земјоделските субвенции, со кој се решаваат сите долгогодишни проблеми на земјоделците, се овозможува брз систем за исплата на субвенциите кон земјоделците и спречуваат злоупотребите на субвенциите.
Со новиот „decoupling систем“ земјоделците добиваат авансна исплата на субвенциите, дополнителна поддршка добиваат оние земјоделци кои ќе се насочат кон производство на стратешките култури, но и земјоделците кои од своето производство создаваат финален производ за продажба.
Продолжуваме со истото темпо за развој на земјоделството и понатаму. Северна Македонија има ресурси, има плодна почва, идеална клима, вредни земјоделци, затоа и ќе продолжиме со владините мерки, да дадеме поддршка и земјоделството да е двигател на македонската економија.
No comment yet, add your voice below!