Во рамките на Твининг лајт проектот „Усогласување на законодавството и имплементација на правото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија“  вчера се одржа завршен настан.

Проектот е финансиран со средства од Европската Унија и имплементиран во соработка помеѓу Министерството за земјоделство на Република Хрватска – Управа за рибарство и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија како главен корисник на проектот. Вредноста на проектот е во износ од 250.000,00 евра и започна со имплементација на 09 мај 2022 година, со времетраење од 10 месеци.

Целта на проектот беше зајакнување на капацитетите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на останатите засегнати институции во поглед на усогласување на правната рамка во делот на пазарното уредување и структурните активности во рибарството и аквакултурата со правото на ЕУ.

Во рамките на проектот изготвен е нов Закон за Финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата и 7 правилници кои произлегуваат од истиот, како и други подзаконски акти. Сите се усогласени со европските ругулативи што беше и целта на проектот.

Дополнително, преку соработката и активностите во текот на проектот, се подобрија административните капацитети и инспекциските служби се стекнаа со вештини кои во иднина ќе им овозможат подобро да се соочат со предизвиците и поуспешно да ги извршуваат своите работни задачи.

Претставникот на Делегацијата на ЕУ во Македонија Штефен Худолин, истакна дека е задоволен од постигнатите резултати и посочи дека поддршката на ЕУ продолжува и понатаму за уште многу други проекти и активности.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

I accept the Privacy Policy