Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ , заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, присуствуваше на работен состанокот со производителите и откупувачите на тутун.
Постигнат е договор Тутунски комбинат Прилеп да ја превземе обрврската за откуп на околу 440 тони тутун, што една од компаниите не е во можност да ги откупи.
На денешната средба,откупните компании повторно потврдија дека ќе го откупат целосното договорено производство како и произведениот вишок.
Откупот продолжува да тече се до крајноот рок, а ако има потреба тој ќе биде продолжен се до откуп на целосното производство од оваа реколта.
No comment yet, add your voice below!