Menu
April 2019
M T W T F S S
« Mar    
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930  
exim
aloinspred
aloinspgr
spodeli_mislenje

Повеќе од 180 земјоделци на трибината во Велес, заедно со министерот Николовски дискутираа за сите теми од земјоделството

54519255_2076813715769578_3769818337593262080_o

На денешната трибина организирана во Велес од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Николовски, заедно со градоначалникот на Општина Велес, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Благој Индов и директорите на други државни институции од секторот земјоделство,  се сретнаа со претставници на земјоделците и сточарите од Велес и околните општини и разговараа за проблемите, но и за новитетите околу промената на дел од законите кои се однесуваат на земјоделието.Трибини, слични на оваа во изминатиот период беа одржани и во Кавадарци, Струмица, Штип, Прилеп и Валандово.

На средбата, министерот Николовски ја истакна важноста на процесот на донесување на реформите во шумарскиот сектор, како и за водоснабдувањето. Тој нагласи дека заклучно со 31. Декември 2018та година, Министерството за земјоделство исплатило вкупно 207 милиони евра субвенции на земјоделците.
“Нема да дозволиме сточарите од нивниот производ да имаат загуба” рече Николовски и појасни дека министерството активно ја следи состојбата во врска со откупот и продажбата на јагнешко месо. Во собраниска процедура се измените на повеќе закони, а како една од најважните е постапката за измени во законот за пасишта.

На средбата беа презенитирани мерките од годинешните програми, особено оние  кои се важни за земјоделците од велешкиот регион, како што е новата мерка за малите земјоделски стопанства земјоделски стопанства под 1 хектар, зголемените субвенции за набавка на приплоден добиток од 14 на 91  милиони денари, повисоките  субвенции за производителите на јаболка, за производителите на сончоглед и друго. Во Програмата за рурален развој оваа година се зголемува сумата за мерката Инвестиции за маркетинг на земјоделски производи од 300 илјади евра на близу 4 милиони евра, со што ќе се овозможи предфинансирање на инвестициски проекти во висина од 100% од износот на предлог-проектите, што е важно за инвестиции во преработувачката индустрија.

Исто така, министерот на земјoделците им ги објасни новите политики во врска со развојот на производство на сончоглед. Тој ги извести присутните дека Владата на РСМ има склучено договор со фирмата Штрабаг од Германија, за подобрување на системот за водоснабдување за Велес и Чашка, а средствата ги има обезбедено преку програмата на германската банкка за развој во висина од над 28 милиони евра.

Преку конструктивна и реална дебата, министерот одговараше на прашања од присутните граѓани во врска со начинот на осигурување од штети на имотот и посевите, водоснабдувањето во Велес и Чашка, потребите од спроведување на попис на сите грла на овци и кози во државата, навременото испаќање на субвенциите на земјоделците, како и со административните проблеми при процесот на аплицирање за конкретни барања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

vladanarm
wg2x125b
wg3x125
1b
wg5x125
wg6x125
wg7x125
wg8x125
hacklink nedir hacklin seo ve hacklinkin faydaları hacklink hacklink satış hacklink panel hacklink al hacklink seo evden eve nakliyat bmw yedek parça mercedes yedek parça seo nedir seo analiz googlede üst sıraya çıkmak gibi kesin sonuçlarla seo çalışmasında kaliteli hizmet veren hacklink adresi www.profseo.co dur.evden eve nakliyat böcek ilaçlama paykasa paykasa bozdurma aradığınız bütün kelimeler sadece burda. instagram takipçi hilesi bypass shell wso shell hacklink satış hacklink panel wso shell hacklink hacklink hacklink al hacklink seo nedir Google