После повеќе часовна дискусија помеѓу тутунарите и откупните компании, во присуство на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски во Прилеп е постигнат договор за подобрување на состојбата со откупот на тутун.
Донесен е заклучок, потпишан од сите присутни, со кој се дефинираат целите за следниот период и се верификуваат заедничките усогласени ставови:
1. Сите откупни линии непречено да вршат откуп на тутун;
2. Во последниве два дена има подобрување на откупот и сите откупувачи се согласни да продолжат и да воспостават флексибилна линија, со тоа што реално ќе се проценува тутунот;
3. Секој ден, на транспарантен начин ќе се објавува откупената количина на тутун и по која цена;
4. Во моментот кога ќе има откупено 75% од вкупната количина, ќе се одржи заеднички состанок на кој ќе се договори решение за откуп на вишокот тутун, за кој првично има согласност од откупните компании дека ќе биде откупен.
No comment yet, add your voice below!