Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, остварија средба во Струмица со производителите и откупувачите на зелка. На средбата се  разговараше за почетокот на откупот на пролетната зелка. Се разменија информации за актуелната состојба, за количините на произведена зелка на отворено и во затворен простор, состојбата со пласманот на домашниот и странскиот пазар како и реализираниот извоз од минатата година.
Струмичките земјоделци се најголемите производители на градинарски култури. Оваа година, за производство на пролетна зелка, посеани се околу 1200 хектари за одгледување во заштитен простор и околу 700 хектари под зелка на отворено.
Државниот инспекторат за земјоделство, како и до сега во рамките на своите надлежности ќе биде на  терен и ќе врши континуиран надзор над откупот.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy