Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ оствари работен состанок со директорката на Царинската управа Славица Кутиров.
На состанокот беа разгледани тековни прашања, поврзани со примената на новиот Правилник за листи на штетни организми, растенија, растителни производи и други објекти и предмети, кој почна да се применува од септември годинава, а во тој дел се дискутирше и за унапредување на соработката и одржување на заеднички обуки на бизнис заедницата, инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделите и царинските службеници.
Со цел понатамошна дигитализација, оленување и забрзување на увозно-извозните постапки и прекуграничниот прток на замјоделските производи, договорено е да започнат интензивни активности помеѓу трите институции, за воведување на електронски фитосанитарен сертификат (е-Фитосертификат ). На состанокот присуствуваа и претставвиците на Фитосанитарната управа.
No comment yet, add your voice below!