Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ не информира дека откупот на грозјето речиси заврши, со просечна цена на вранецот од 11, 8 денари за килограм, а смедеревката 10,2 денари за килограм.

-Досега се откупени 67 милиони килограми грозје, сопствена берба на винариите е 17 милиони килограми, а извозот на грозје изнесува 3, 3 милиони килограми. Вкупно 88, 3 милиони килограми грозје, од тоа вранец сорта е околу 39 милиони, а смедеревка окoлу 21, 5 милиони килограми, а станатото се други сорти. Откупот е при крај и треба да заврши за 3-4 дена. Потоа останува евентуално мал дел од „доцна берба“. Проценките се дека годинашната реколта ќе биде малку над 90 милиони килограми што е во рамките на проценките за годинешниот очекуван род. Просечна цена за вранецот е 11,8 ден, а за смедеревката 10,2 денари за килограм грозје – изјави, Шапуриќ и додаде дека инспекторите на ДИЗ, во овие 45 дена се постојано на терен.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy