Денеска официјално започна откупот на тутунот. Сите 8 откупувачи отворија 173  пункта. Откупени се 2050 тони по просечна цена од 181,6 денари за килограм тутун.

Според Зоран Шапуриќ, директор на Државниот земјоделски инспекторат, динамиката е добра и просечната откупна цена е реална.

“Тутунот се откупува со добра динамика. Отворени се сите 173 пунктови во земјава и тутунот го купуваат 8 откупни претпријатија. Досега нема никакви проблеми. Конкретно до вчера се откупени 2050 тони по просечна цена од 181,6 денари. Денеска е и последниот рок или официјалниот старт на откупот и сите ги отворија пунктовите. Просечната цена полека се зголемува. Само за пример, вчера се откупени 600 тони по цена од 185 денари. Инспекторатот е постојано на теренот и ја следи откупната кампања” – изјави Шапуриќ.

Игор Мирчески, координатор на четирите новоформирани тутунски здруженија, смета дека не е постигната реалната проценка на родот којшто е квалитетен. Тутунарите очекуваат повисока цена.

“Апелираме до инспекторатот будно да ја следи ситуацијата со откупот, а поверениците активно да учествуваат при проценката на вагите, а не да бидат декор” – рече Мирчески.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy