Годинава се откупени, заклучно со 20 ти октомври, 79,2 милиони килограми винско грозје. Сопствена берба на винариите изнесува вкупно 21,8 милиони килограми винско грозје, а извозот на винското грозје е 3, 4 милиони килограми. Севкупната количина изнесува 104,4 милиони килограми грозје, вели за весникот ВЕЧЕР директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ.

Тој потенцира дека останува многу мал дел од т.н доцна берба за која се проценува дека ќе изнесува максимум околу 400 илјади килограми грозје, со што вкупната евидентирана реколта ќе биде околу 105 милиони килограми грозје, со што може да се констатира дека не остана неоткупено грозје. Од оваа вкупна количина на грозје  сортата Вранец е застаспена 42, 2 милиони килограми, а сортата Смедеревка со 31,5 милиони килограми. Останатите количини отпаѓааат на другите сорти на грозје. Просечната откупна цена на вранецот е 12,05 денари, а на смедеревката е 9.99 денари.

 

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy